Марковниково правило![]() Марковниковото правило е правило кое го опишува исходот на некои реакции на адиција во органската хемија. Формулирано е од рускиот хемичар Владимир Васиљевич Марковников во 1870 година.[1][2] ОбјаснувањеПравилото гласи дека при адиција на протонска киселина HX на алкен, водородниот атом (H) се поврзува со јаглеродниот атом од двојната врска со помалку алкил супституенти, а халидната (X) група се поврзува со јаглеродниот атом со повеќе алкил супституенти.[3][4] Истото се случува и при реакција на алкен со вода при што се формира алкохол. Хидроксилната група (OH) се врзува за јаглеродниот атом од двојната врска кој е повеќе супституиран, додека водородниот атом се врзува за јаглероден атом кој е помалку супституиран. Со откривањето на карбокатјоните се покажало дека овие реакции на адиција се одвиваат според марковниковото правило, бидејќи на тој начин се формира најстабилен карбокатјонски интермедиер. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia