Бромоводородна киселина
Бромоводородна киселина — двоатомска молекула со формула HBr. Станува збор за безбојно соединение во облик на гас, при нормални услови. Бромовородната киселина се создава со растворање на бромоводород во вода. HBr е добро растворлив во вода, со масен удел од 68,85% на собна температура. Бромоводородот и бромоводородната киселина не се иста супстанца и покрај тоа што бромоводородната киселина се означува со HBr. УпотребаПозната е употребата на HBr во хемиската синтеза. На пример,HBr се користи за производство на алкил бромид од алкохол: Пример со формула: ROH + HBr → RBr + H2O HBr се додава на алкените за да се добијат бромоалкани, кои се важно семејство на органските сооединенија. Пример со формула: RCH=CH2 + HBr → RCH(Br)–CH3 Со добивање на HBr од алкини настануваат бромоалкени. Стегиметијата од овој тип е спротивно: Пример со формула: RC≡CH + HBr → RC(Br)=CH2 Со додавање на HBr на халоалкени се формираат геминални дихалоалкани. (Овој тип на додатоци го следи Марковниковото правило): Пример со формула: RC(Br)=CH2 + HBr → RC(Br2)–CH3 Исто така, HBr се користи за отворање на епоксиди и лактони, и во синтеза на бромоацетилен. Исто така, HBr се јавува како катализатор со многу органски реакции.[2][3][4][5] Предложено е да бромоводородната киселина се користи во проточни батерии..[6] Лабораториски синтезиHBr се синтерезира со користење на повеќе методи. HBr може да се подготви со дестилација на раствор на натриум или калиум бромид со фосфорна киселина или разредена сулфурна киселина [7]:: Пример со формула: 2KBr + H2SO4 → K2SO4 + HBr Концентрираната сулфурна киселина не е ефикасна, бидејќи формираниот HBr се оксидира со гасовитиот бром: Пример со формула: 2HBr + H2SO4 → Br2 + SO2 + 2H2O Киселината, исто така, може да се подготви на неколку други начини, вклучувајќи и бром во реакција со фосфор и вода или со сулфур и вода [7]: Пример со формула:2Br2 + S + 2H2O → 4HBr + SO2 Киселината уште може да се подготви со броминација на тетралин (1,2,3,4-тетрохидронафтален):[8] Пример со формула:C10H12 + 4Br2 → C10H8Br4 + 4HBr Бромот може да се редуцита со фосфорна киселина: Пример со формула:Br2 + H3PO3 + H2O → H3PO4 + 2HBr Водениот раствор на бромоводородот исто така може да се подготви во мали количини трифенолофосфониум броминд со рефлуктирачка киселина.[2] HBr се припрема според горните наведени медоди каде може да биде онечистен со Br2, кој може да се отстрани со пропуштање на гас преку Cu мрежа или низ фенол.[9] Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia