Марко Петрушевски

Марко Петрушевски (1975) — македонски писател, поет и филмски режисер.

Творештво

Својата прва поетска збирка, „Еден млад збунет човек“ ја објавил во 2001 година и за неа ја добил наградата на Струшките вечери на поезијата за дебитантска поетска книга. Своите кратки раскази ги објавувал на порталот „Окно“. Покрај писателската дејност, тој снимил и неколку кратки филмови. Петрушевски се бави и со филмска критика, а своите филмски рецензии ги објавил во месечникот „Форум“. Најпосле, тој работел и како водител на радио-каналот 103.[1] Три негови кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).[2]

Наводи

  1. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 363.
  2. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 227-230.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya