Марко Симоновски (кошаркар)
Марко Симоновски (роден на 28 јуни 1989 во Скопје) — македонски кошаркар и репрезентативец. Тој е играч на Кузестан. Професионална кариераСимоновски својата кошаркарска кариера ја започнал во 2007 година во екипата на Вардар од Скопје. Во 2015г., Симоновски за првпат станал освојувач на Првенството, кога бил член на МЗТ Аеродром.[1][2] На крајот на ноември 2015 година, Симоновски и МЗТ Аеродром спогодбено го раскинале договорот.[3][4][5] На крајот на декември 2015 година, тој потпишал за Куманово.[6][7][8] Во јули 2016 година, Симоновски преговарал со МЗТ Аеродром.[9][10] Истиот месец, тој се здобил со повреда на грбот.[11] На крајот на август 2016 година, тој официјално потпишал со МЗТ.[12][13][14] Таа сезона, 2016/17, тој повторно станал првак со МЗТ во кој бил капитен. За сезоната 2018/19, Симоновски продолжил во редовите на МЗТ Аеродром.[15][16] Таа сезона, Симоновски го освоил македонското првенство. Симоновски продолжил во МЗТ и за сезоната 2019/20.[17] Но во ноември, Симоновски и МЗТ спогодбено го раскинале договорот.[18][19] За сезоната 2020/21, во средината на јули 2020 година, тој потпишал договор со Кожув.[20][21] Кошаркарска репрезентација на МакедонијаСимоновски е исто така член на Кошаркарската репрезентација на Македонија. Тој се натпреварувал со селекцијата на Евробаскетот 2011, каде освоиле четврто место, нивни најдобар пласман на континенталното првенство.[22] Со репрезентацијата обезбедил пласман на Евробаскетот 2015.[23][24] За време на завршниот турнир 2015 во Загреб - Хрватска, Симоновски бил осмиот играч со најмногу бодови во македонската репрезентација односно имал 29 бода на пет натпревари (5,8 по натпревар).[25] Летото 2017 година, за време на репрезентативните подготовки, Симоновски се повредил. Бидејќи не бил осигуран од страна на МКФ, во октомври истата година, Агенцијата за млади и спорт одлучила да му ја исплати оштетата поради повредата.[26] Симоновски бил вклучен во претквалификациите за Евробаскетот 2021.[27] Во јануари 2020 година, селекторот на Македонија, Александар Тодоров го објавил поширокиот состав за февруарските квалификации за Евробаскетот 2021 во кој бил вклучен Симоновски.[28] Потоа во февруари, тој бил избран во составот на репрезентацијата.[29] Успеси
Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia