Марчело Мастројани
Марчело Винченцо Доменико Мастројани (28 септември 1924 - 19 декември 1996) — италијански глумец. Заедно со Алберто Сорди, Уго Тоњаци, Виторио Гасман и Нино Манфреди ја сочинуваат италијанската комедија. Со двете ремек-дела на Федерико Фелини, „Сладок живот“ (1960), „8 и 1/2“ (1963) го потврдил успехот на својата кариера. ЖивотописМастројани е роден во 1924 во Фонатана Лири на Апенините, во округот Фрозиноне, Лацио, а пораснал во Торино и Рим. Бил син на Ида и Отон Мастројани, кои држеле продавница за столарија.[1] Бил внук на вајарот Умберто Мастројани. Во текот на Втората светска војна, по поделбата на Италија, тој бил одведен во германски логор, од каде избегал и се скрил во Венеција. Неговиот брат Руџеро Мастројани бил филмски уредник, кој работел на многу од филмовите на братот, и глумел заедно со Марчело во Scipione detto anche l'Africano. Кариера![]() ![]() Мастројани дебитирал на филмот Марионета во 1939 година, кога имал четиринаесет години, а прва вистинска улога имал во филмот Atto d'accusa (Обвинување) во 1951 година. Во наредните десет години станал меѓународно познат. Глумел во Големиот договор на улицата Мадона (1958); и во филмот на Федерико Фелини Сладок живот заедно со Анита Екберг во 1960 година, каде игра улога на разочаран и самоуништувачки таблоиден колумнист, кој ги минува деновите и ноќите истражувајќи го високото друштво во Рим. Мастројани потоа глумел и во филмот 8 1/2 исто така на Фелини, во 1963 година. Меѓу другите филмови во кои имал значајна улога се: Денови на љубов (1954) со Марина Влади; La Notte (1961) со Жана Моро; Штета што е лоша (1954), Среќа е да се биде жена (1956), Вчера, денес и утре (1963), Брак на италијански начин (1964), Сончоглед (1970), Жената на проповедникот (1971), Посебен ден (1977) и во филмот на Роберт Алтман Висока мода (1994) – заедно со Софија Лорен. Соработувал со следните режисери и глумци: со Лучино Висконти во Бели ноќи (1957); со Пјетро Герми во Развод на италијански начин (1961); Семеен дневник (1962) со Жак Перин; Приватна афера (1962) со Брижит Бардо; со Марио Моничели во Казанова 70 (1965); Дијаманти за појадок (1968) со Рита Ташингем; Пица триангл (1970) со Моника Вити; Масакр во Рим (1973) со Ричард Бартон; Неделна жена (1975) со Жаклин Бисет; Остани каква што си (1978) со Настасија Кински; со Фелини во Град на жени (1980) и Џинџер и Фред (1986); со Марко Белоко во Хенри IV (1984); Макарони (1985) со Џек Лемон; со Никита Михалков во филмот Црни очи (1987); со Џузепе Торнаторе во Сите се добро (1990); во Искористени луѓе (1992) со Ширли Меклејн; и со Агнес Варда во филмот Илјада и една ноќ (1995). Трипати бил номиниран за Оскар за најдобар глумец: за филмовите Развод на италијански начин, Посебен ден и Црни очи. Мастројани, Дин Стоквел и Џек Лемон се единствените глумци кои двапати ја добиле наградата за најдобар глумец што се доделува на Канскиот филмски фестивал. Мастројани ја добил за улога во филмовите: Пица триангл и Црни очи. Марчело Мастројани глумел заедно со својата ќерка Кјара Мастројани во филмот Три животи и една смрт од 1996 година. За оваа улога добил сребрена награда на меѓународниот филмски фестивал „Ft. Lauderdale“. неговиот последен филм бил прикажан посмртно, Патување до почетокот на светот, во 1997 година. Приватен животМастројани се оженил со Флора Карабела (1926–1999) на 12 август 1950 година.[2] Имале една ќерка, Барбара (родена на 2 декември 1951 година), но се развеле поради неговите афери со помлади жени.[2] По разводот, првата сериозна врска на Мастројани била со Феј Данавеј, со која играл во филмот Место за љубовници (1968). Данавеј сакала брак и деца, но Мастројани бидејќи бил католик, не сакал да се разведе од Карабела.[2] Во 1971 година, по три години чекање Мастројани да го смени мислењето, Данавеј го оставила.[2] Decades later, Dunaway said: "I wish to this day it had worked out."[3] Марчело Мастројани имал и втора ќерка, глумицата Кјара Мастројани (родена на 28 мај 1972), со француската глумица Кетрин Денев, која била помлада од него речиси 20 години и која живеела со него четири години во 1970-те години. Во текот на тие четири години, тие како пар снимиле заедно четири филма: Тоа се случува само на другите (1971), Лиза (1972), Малку бремен човек (1973) и Не допирај бела жена! (1974). Откако Мастројани и Денев раскинале, Карабела понудила да ја посвои нивната ќерка Кјара, бидејќи нејзините родители поради работа често не се дома. Денев не се согласила.[4] Според списанието Пипл, меѓу другите љубовници на Мастројани се глумиците: Анук Еме, Урсула Андрес, Клаудија Кардинале и Лорен Хатон.[2] Во 1976 година, тој живеел со Ана Марија Тато, со која останал до својата смрт.[2] Мастројани умрел од рак на панкреасот на 19 декември 1996 година, на возраст од 72 години.[5][6] Неговите две ќерки, Катрин Денев и Тато биле крај неговата постела.[2] Фонтаната Треви во Рим била симболично изгасната и покриена во црно во негова чест, бидејќи била поврзана со него поради улогата во филмот на Фелини Сладок живот.[6][7] На Венецијанскиот филмски фестивал во 1997 година, Кјара, Карабела и Денев се обиделе да го забранат прикажувањето на филмот на Тато, четиричасовен документарец Марчело Мастројани: Се сеќавам.[8] Но, не успеале и филмот бил прикажан.[8] Трите жени се обиделе да го сторат истото и на Канскиот филмски фестивал.[8] Тато изјавила дека Мастројани ѝ ги дал правата за тој филм.[8] Филмографија
Надворешни врски![]() Викицитат има збирка цитати поврзани со:
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia