Марјан Коцев
Марјан Коцев (р. 20 мај 1975 во Кавадарци) — македонски пејач на македонска фолклорна музика. Почеток на кариератаМарјан Коцев својата кариера ја започнал во 1994 година, настапувајќи на фестивалот „Цветници“ со песната „И на Цветници“. Следната година настапил со сега веќе хит, „Солзи врели нека пресушат“ и веќе неговата кариера оди по нагорна линија. Набрзо станува звучно име на македонската естрада. Неговото име редовно се наоѓа на фестивалските списоци на Тетовски фолк фест, Валандово, Цветници... Се нижат наслови како „Бела Јасмина“, Бекрија љубовџија“, и можеби за него најголем хит „Љубовен танец“ изведен во 1997 год, по чиј наслов е насловена и првата касета во 1999 година, „Љубовен танец“. Има одржано концерти во Австралија, Канада, Америка, Швајцарија, Германија, Малта и други европски земји. ![]() ![]() Подоцна, во 2004 година настапува на Роса фест и на тој фестивал се раѓа мегахитот „Ти само ти“ кој се запишува како негова лична карта. Меѓу неговите познати песни се наоѓаат и Бекрија љубовџија, Љубовен танец, Крал на жените, Земја ветена, Сите ми велат среќен си, Место не ме држи брате, Солзи врели нека пресушат, Запејте браќа и многу други. Во 2014 година, направи јунилеен концерт во Универзална сала – Скопје по повод 20 години јубилеј, во придружба на групата Група Дрим Тим, на концертот му беше специјален гостин Ефто Пупиновски, покрај него му беа и Миле Кузмановски и Новица Василевски. Повторно солистички концерт имаше во 2018 година, наречен како "Сите мои песни" кој се одржа во Македонска опера и балет, во придружба на Група Дрим Тим, и специјална гостинка му беше Анета Мицевска. Тој во неговата кариера има издадено неколку албуми. Во 2018 година, направил обработка на две стари македонски песни со групата Галакси Бенд, „Се омажив мила мамо“ и „Благуно“. По повод 25 години музичка кариера, во 2019 година, во Кавадарци, за време на Тиквешки гроздобер одржал концерт во придружба на Галакси Бенд. Во 2024 година, со Група Дрим Тим, одржале концерт по повод 25 години Дрим Тим на сцената. Концертот бил одржан во Македонски народен театар.[1] ДискографијаАлбуми и аудио компилации
Видео изданија
Соработка на други проекти
Спотови
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia