Група Биоритам
Група Биоритам е музичка група формирана во 1996 година. Низ годините Група Биоритам има издадено неколку албуми на авторски песни. Тие патувале и одржале повеќе концерти низ светот во: Австралија, Канада, Америка, Германија. Членови
Поранешни членови:
БиоритамОсновање Група Биоритам е основана во 1996 година, основана е со самото распаѓање на Група Академци членовите биле од таа група. Имаат направено неколку солистички концерти. Творештво Биоритам во 1996 година, со песната "Ех да свири Садило" по музика на Глигор Копров и текст Огнен Неделковски, настапуваат на "Охрид фест", каде освојуваат прво место. Во 1997 година, настапиле на "Тумба фест" со песната "Еј Розике" со која победиле на фестивалот. Потоа следуваат големите хитови: Паша паша, Дила лај, Султана, Назад Калино, Елизабета, За милион долари, Бекриски Биоритам, Се заради друг, Место не ме држи, Трендафилчето, Биоритам не застанува. Во 2014 година, со новиот пејач Владимир Поповски, настапиле на Фолк Фест Роса со песната "4 дами", во 2015 на Лешочки фолк Фест со "Мома Билјана", истата година настапиле и на "Охрид фест" со "Време лечи се" и во 2017 година на "Фолк Фест Роса" со песната "Машки ќе издржам". Во 2018 година, со Сузана Спасовска ја снимиле песната, "Девојко мори убава" народна песна, по аранжман на Цане Петров, во продукција на АРТ студио. Во 2024 година, со Иван Илиев новиот пејач на групата, настапија на Фолк Фест Роса со песната "Само еден живот има" и на Охрид Фест со "Засекогаш твој" со кој освојуваат второ место од жири. На јубилејниот 25-ти Фолк Фест Роса настапија со песната "Луд по тебе". Албуми
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia