Марќин Бјалоблоцки Бјалоблоцки на Трката околу Британија 2013 |
Лични податоци |
---|
Цело име | Марќин Бјалоблоцки |
---|
Роден | 2 јули 1983(1983-07-02) (41 г.) Соколка, Полска |
---|
Висина | 1,97 м |
---|
Маса | 79 кг |
---|
Податоци за клубот |
---|
Мом. клуб | Стил Дејвис Вија Рома РТ |
---|
Дисциплина | друмски велосипедизам |
---|
Улога | возач |
---|
Вид на возач | специјалист за хронометри |
---|
Аматерски клубови |
---|
2008–2009 2010 2018- | Спорт Бинс-Вилиер Вилиер / Bigmaggys.com / Прендас Сиклисмо Стил Дејвис Вија Рома РТ |
---|
Професионални клубови |
---|
2011–2012 2013 2014 2015-2016 2017 | Моторпоинт Про-Сајклинг Тим Тим УК Јут Велошур-Џордана ОНЕ Про Сајклинг ЦЦЦ-Спранди-Полковице |
---|
Значајни победи |
---|
Ан Пост Рас (2013) Национално хронометарско првенство (2015) |
|
Последна промена 8 декември 2018 |
Марќин Бјалоблоцки (полски: Marcin Białobłocki; р. 2 јули 1983) — полски аматерски друмски велосипедист, кој моментално вози за британската аматерска екипа Стил Дејвис Вија Рома РТ.[1] Во периодот 2011-2017 настапувал професионално, главно за британски екипи.
Кариера
Британски екипи
Се приклучил на екипата Велошур за сезоната 2014,[2] откако неговата претходна екипа – Тим УК Јут – се распаднала на крајот на сезоната 2013.[3][4] Во декември 2014 година бил најавен како дел од воведниот состав на екипата ОНЕ Про Сајклинг за сезоната 2015.[5] Учествувал на Трката околу Полска како член на националната екипа на Полска,[6] каде го освоил завршниот хронометар на трката.[7]
Хронометри
Марќин станал познат на британските хронометарски настани, возејќи за ОНЕ Про Сајклинг, кога го срушил рекордот од 10 милји на Алекс Даусет, со време од 16:36.
Потоа го срушил рекордот на Даусет на 25 милји со време од 44:04. Ова време го подобрил во 2018 година кога Марќин извозел 42:58.
Во 2018 година, Марќин го презел рекордот на 50 милји со време од 1:30:31, три минути побрзо од претходниот рекорд поставен само неколку недели претходно.
ЦЦЦ-Спранди-Полковице (2017)
Се приклучил на полската екипа ЦЦЦ-Спранди-Полковице во 2017 година,[8] откако претходно две сезони возел за британската екипа ОНЕ Про Сајклинг.[9]
Бил именуван во почетниот состав за Џиро д’Италија 2017.[10]
Достигнувања
- 2008
- 6. Гран при Велс
- 2009
- 1. Друмска трка Мост Северн
- 1. Краен пласман Три дена Жирван
- 2010
- 3. Класик Ист Јоркшир
- 4. Тур Резервоар
- 2011
- 1. Етапа 6 Ан Пост Рас
- 1. Меморијал Џок Вадли
- 2. Тур Резервоар
- 2. Класик Ист Јоркшир
- 2. Друмска трка Мост Северн
- 3. Рутланд-Мелтон
- 2012
- 6. Краен пласман Ан Пост Рас
- 1. Етапа 1
- Тур Серија
- 1. Осмо коло - Торгеј
- 2. Гран при Линколн
- 2. Меморијал Јок Водли
- 3. Њупорт Ноктурн
- 2013
- 1.
Краен пласман Ан Пост Рас
- 1. Перфс Педал Рејс
- 1. Сиркут Фенс
- 2014
- 1. Сајкл Вилтшир Гран при
- 2. Друмска трка Мост Северн
- 3. Гран при Линколн
- 7. Краен пласман Ан Пост Рас
- 1. Етапа 5
- 10. Рутланд-Мелтон Интернешнл Сајкл Класик
- 2015
- 1.
Национално хронометарско првенство
- 1. Етапа 7 (ITT) Трка околу Полска
- 1. Примавера друмска трка
- 1. Бери Фаро Меморијал
- 1. Етапа 2 Тур Резервоар
- Тур Серија
- 1. Осмо коло - Кројдон
- 1. Десетто коло - Бат
- 2. Хроно де Насионс
- 3. Перфс Педал Рејс
- 5. Велотон Велс
- 6. Гран при Ридејл
- 7. Краен пласман Тотнес-Вајр
- 8. Краен пласман Ронде ван Миден-Недерланд
- 9. Светско хронометарско првенство
- 2016
- 1.
Спринтерски пласман Трка Дубаи
- 1. Етапа 1 (TTT) Ронде ван Миден-Недерланд
- 2. Национално хронометарско првенство
- 2018
- 1. Велшко хронометарско првенство во 25 милји
- 2. Национално хронометарско првенство
Наводи
Надворешни врски