Масимо Бонтемпели
Масимо Бонтемпели (италијански: Massimo Bontempelli), (5 декември 1878, Комо – 21 јули 1960, Рим) бил италијански поет, драматург, романописец и композитор. Тој бил во Италија творецот на книжевниот стил познат како магичен реализам[1]. ЖивотописБонтемпели дипломирал на Универзитетот во Торино во 1903 година. Работел како наставник во основно училиште седум години, во тоа време малку пишувал. За време на Првата светска војна работел како дописник од фронтот. По војната, се населил во Милано посветувајќи се на литературата,се заинтересирал за литературните стилови на футуризмот и магичниот реализам. Во 1926 година, тој заедно со Курцио Малапарте го основале списанието „900“. Во редакцијата биле вклучени: Џејмс Џојс, Макс Жакоб , Рајнер Марија Рилке Вирџинија Вулф и Блез Сандрар[2]. За време на доцните 1920-ти и раните 1930-ти, Бонтемпели бил идеолошки блиску до фашизмот. Тој работел како секретар на синдикатот на фашистичките писатели а во странство предавал за италијанската култура. Сепак, во 1938 година тој одби да прифати универзитетско работно место што пред тоа го имал професор со еврејско потекло, поради што бил исфрлен фашистичката партија, приклонувајќи се кон комунизмот. Во 1953 година, бил избран за сенатор а бил и рехабилитиран, од неговото минато[3]. Творештво![]()
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia