Матеуш Фернандеш (португалски фудбалер)
Матеуш Гонсало Еспања Фернандеш (роден на 10 јули 2004 година, во Ољао) — португалски фудбалер, играч од средниот ред на Саутхемптон и на португалската репрезентација под 21 година. Клупска кариераФернандеш започнал да игра фудбал во локалниот клуб Ољаненсе, од каде се преселил во младинската академија на Спортинг Лисабон во 2016 година.[1] Пред почетокот на сезоната 2021-2022, тој бил промовиран во Б-тимот. На 14 октомври 2022 година, Фернандеш потпишал професионален договор со клубот со важност до 2027 година, со вклучена откупна клаузула во вредност од 60 милиони евра.[2] На 22 октомври 2022 година, тој го имал своето деби за првиот тим на Спортинг влегувајќи како доцна замена во победата на „лавовите“ од 3–1 над Каса Пиа во првенството.[3] На 29 август 2023 година, Фернандеш заминал на едногодишна позајмица во Ешторил.[4] Дебитирал во новиот дрес на 3 септември, влегувајќи како замена во поразот од 1-2 на домашен терен против Боавишта. Својот прв и единствен гол со Ешторил, Фернандеш го постигнал за победата со 1-0 над Ештрела Амадора на 4 февруари 2024. Сезоната ја завршил со 35 настапи и еден гол. На 20 август 2024 година, Фернандеш бил купен од новопромовираниот клуб во Премиер лигата на Англија, Саутхемптон, потпишувајќи петгодишен договор.[5] Своето деби за „светците“ го имал на 24 август, заменувајќи го Тејлор Харвуд-Белис во поразот со 1–0 на домашен терен од Нотингем Форест. [6] Четири дена подоцна, го постигнал својот прв гол за Саутхемптон во победата од 5–3 на гости против Кардиф Сити во Лига купот.[7] На 24 ноември 2024 година, тој го постигнал својот прв гол во Премиер лигата во поразот со 2-3 на домашен терен од Ливерпул. Репрезентативна кариераФернандеш бил младински репрезентативец на Португалија во категориите под 18, под 19 и под 20 години. Во август 2023 година, бил повикан од селекторот Руи Жорж во репрезентацијата под 21 година, за која дебитирал во победата со 3-0 над Андора во квалификациите за Европското првенство во категоријата. Во својот трет настап, тој го постигнал првиот гол за репрезентацијата под 21 година, во победата со 6-1 над Белорусија во истите квалификациите. Откако Португалија се квалификувала за Европското првенство за играчи под 21 година 2025 во Словачка, Фернандеш бил повикан да учествува на истото. СтатистикаКлупска статистикаСтатистиката е ажурирана на 11 јуни 2024.
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia