Кајл Вокер-Питерс
Кајл Вокер-Питерс (роден на 13 април 1997 година во Лондон) — англиски фудбалер, играч од одбраната на Саутхемптон. БиографијаРоден е и израснал во Лондон, во областа Едмонтон, општина Енфилд. Неговиот вујко Фил, исто така, е поранешен професионален фудбалер.[4] Технички одликиСвојата кариера ја започнал како офанзивен играч за врска, пред да биде преместен во улогата на десен бек;[5][6] исто така, може да игра и како лев бек, каде многу често бил користен од менаџерот на Саутхемптон, Ралф Хазенхутл, за време на сезоната 2021-2022, по пристигнувањето во клубот на Валентино Ливраменто.[7] Се одликува со голема брзина, одлична контрола на топката и добри физички предиспозиции. Исто така, има добар центаршут и способност да дава широчина на нападот на својата екипа. Клупска кариераТотенхемИзраснат во младинскиот сектор на Тотенхем, клуб за кој отсекогаш навивал,[8] своето деби за првиот тим на Спарс го направил на 13 август 2017, во победата со 0-2 против Њукасл Јунајтед, презентирајќи многу силен перформанс по што бил прогласен за играч на натпреварот.[9] На 28 февруари 2018, тој го постигнал својот прв гол за Тотенхем во победата со 6-1 над Рочдејл во ФА купот, реализирајќи го последниот гол во натпреварот.[10] На 14 мај 2018, го продолжил својот договор со Тотенхем до 2021 година.[11] На 11 декември 2018, Вокер-Питерс дебитирал во Лигата на шампионите во натпреварот од групната фаза на гости против Барселона; иако направил грешка што довела до гол за Барселона, тој се претставил одлично и изблокирал еден шут спасувајќи сигурен гол во второто полувреме. Натпреварот завршил 1–1, што му било доволно на Тотенхем да се квалификува за нокаут фазата заедно со своите противници.[12][13][14] На 26 декември истата година, тој забележал три асистенции, во победата со 5-0 над Борнмут во Премиер лигата.[15] СаутхемптонНа 29 јануари 2020 година, Вокер-Петерс бил проследен на позајмица до крајот на сезоната во Саутхемптон, каде требало да го замени Седрик Соарес.[16] Своето деби за Светците, го направил на 15 февруари 2020, во поразот на домашен терен од Барнли. До крајот на сезоната, тој одиграл вкупно 10 натпревари прикажувајќи добра форма, со што го убедил раководството на клубот од јужниот брег да го откупи од Тотенхем за 12 милиони фунти. Тоа се случило на 11 август 2020, а Вокер-Питерс потпишал договор на пет години.[17] Својот прв гол за Саутхемптон го постигнал на 25 август 2021, во победата со 8-0 на гостувањето кај нисколигашот Њупорт Каунти во Лига купот.[18] На 22 јануари 2022, го постигнал својот прв гол во Премиер лигата во својата кариера во ремито 1–1 против Манчестер Сити.[19] Репрезентативна кариераВокер-Питерс играл за четири младински репрезентации на Англија: под 18, под 19, под 20 и под 21 година. Во 2017 година, тој бил дел од репрезентацијата на Англија под 20 години водена од Пол Симпсон која настапила на Светското првенство за играчи под 20 години 2017 во Јужна Кореја. Тој забележал пет настапи на турнирот, вклучувајќи го и настапот во финалето против Венецуела, придонесувајќи за првата титула на англичаните на некое репрезентативно натпреварување уште од 1966 година.[20][21] СтатистикаКлупска статистикаСтатистиката е ажурирана на 12 март 2021.
ТитулиНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia