Махершала Али |
---|
 Али во 2016 година |
Роден(а) | Махершалалхашбаз Гилмор 16 февруари 1974(1974-02-16) (51 г.) Оукленд, Калифорнија, САД |
---|
Занимање | Глумец |
---|
Активен период | 2001–сè уште |
---|
Сопружник | Аматус Сами-Карим |
---|
Махершалалхашбаз „Машерхала“ Али (роден Махершалалхашбаз Гилмор; на 16 февруари 1974 г.) — американски глумец. Али ја започнал својата кариера играјќи во сериите Преминувајќи ја Јордан и Извештај матрица пред да ја добие улогата на Ричард Тајлер во научно-фантастичната серија 4400, со која направил важен чекор во кариерата. Својата прва голема филмска улога тој ја добил во романтичната фантастична драма Необичниот случај на Бенџамин Батон. Тој исто така играл во филмовите Грабливци, Местото зад боровите, Слободна држава Џонс, Скриени фигури и ја играл улогата на Богс во филмскиот серијал Игри на гладните. Али е исто така познат по улогите во сериите Куќа од карти и Лук Кејџ
За својата изведба како дилерот на дрога Хуан во драмата Месечина (2016), Али добил универзално признание од филмските критичари и добил Оскар за најдобар спореден глумец и номинација за Златен глобус.
Филмографија
Филм
Телевизија
Надворешни врски