Маца Аџиристова

Маца Аџиристова ( 1913 во Велес — ) — учесник во НОВ на Македонија.[1]

Животопис

Учествувала во заднината на НОД од април 1941 година. Во домот на нејзиното семејство се одржувале илегални состаноци, а таа била ползувана како буден чувар на собраните илегалци. Заедно со мајка ѝ Васа Кошулчева била користена како курир низ градот. Во нејзиниот дом престојувале борци од Велешкиот партизански одред и била една од најактивните жени во реонот во кои живеела. Од нејзиниот дом се заминувало во партизани и во НОВ загинале нејзините постари браќа.[1]

Поврзано

Наводи

  1. 1,0 1,1 Весковиќ-Вангели, д-р. Вера; Јовановиќ, Марија (1976). Жените на Македонија во НОВ 1941-1945. Скопје: Институт за Национална Историја. стр. 987.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya