Мајк ЗафировскиМајк Зафировски (роден 14 ноември 1953[1]) е познат светски стопанственик, со македонско етничко потекло кој живее и работи во САД.[2][3] Роден е во Скопје во 1954 година, а заедно со своето семејство во САД се преселил во 1969 година, во сојузната американска држава Охајо. Високото образование го стекнал на универзитетот „Единборо“ во Пенсилванија, каде и докторирал. Кариерата ја започнал во американската компанија „Џенерал Електрик“. Извршувал високи менаџерски функции во повеќе големи светски компании како „Боинг“, „Моторола“, „Нортел“, а од 2007 година е советник на американскиот претседател Џорџ Буш за безбедност во телекомуникациите и технологијата.[4][5] Добитник е на „медалот на честа“ во 2004 година. Мајк Зафировски заедно со повеќе други македонски стопанственици од дијаспората е носител на проектот „Македонија 2025“ кој има за цел да го поттикнува економскиот развој и привлекувањето на странските инвеститори во Република Македонија. Мајк Зафировски е женет и е татко на три сина. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia