Мајли Сајрус
Мајли Rej Сајрус (англиски: Miley Ray Cyrus; родена како Дестини Хоуп Сајрус на 23 ноември 1992) ― американска пејачка, текстописец и глумица. Се смета за поп-икона и е нарекувана „тинејџерска кралица“ од 2000-тите. Исто така, се смета за еден од ретките примери на деца ѕвезди со успешна кариера како возрасни.[2] Малји Сајрус на 13-годишна возраст ја добила главната улога во тинејџерската ТВ-серија Хана Монтана (2006 ― 2011) и набрзо станала тинејџерски идол. Под името Хана Монтана објавила два саундтрак-албуми кои се искачиле на прво место на Билбордовите топ-листи. Соло кариерата ја започнала со издавањето на поп-рок албумите: Meet Miley Cyrus (2007) и Breakout (2008); „Party in the U.S.A.“, водечки сингл од нејзиното EP The Time of Our Lives (2009), станал еден од најпродаваните синглови на сите времиња во САД, а подоцна од RIAA бил сертифициран со тринаестеткратен платинест тираж. Во 2010 година го издала денс-поп албумот Can't Be Tamed. Значително го променила имиџот и музичкиот стил со објавувањето на хип-хоп и R&B-албумот Bangerz (2013), со кој по петти пат се искачила на прво место во САД, а кој ги содржел и сингловите „We Can't Stop“ и „Wrecking Ball“. „Wrecking Ball“ бил нејзин прв сингл на прво место на Billboard Hot 100. Потоа се впуштила во експерименталниот стил на Miley Cyrus & Her Dead Petz (2015), го прифатила кантри-попот на Younger Now (2017) и се впуштила во рок и синт-поп со Plastic Hearts (2020). Откако потпишала со Columbia Records во 2021 година, Сајрус го издала нејзиниот осми студиски албум Endless Summer Vacation (2023). Песната „Flowers“, водечки сингл од албумот се искачила на врвот на топ-листите на меѓународно ниво и поставила многу рекорди. Песната освоила две Греми награди меѓу кои и за „Запис на годината“, а албумот бил номиниран за албум на годината. Таа глумеше во филмовите Молња (2008), Хана Монтана: Филм (2009), Последната песна (2010), LOL: Live It Up (2012) и Тинејџерски таен агент (2013), а потоа се појавила во филмовите Чувари на галаксијата 2 (2017) и Drive-Away Dolls (2024). На телевизија, го продуцирала и се појавила во документарниот филм Мајли: Движењето (2013), била ментор во натпреварот по пеење The Voice (2016–2017) и глумела во една епизода од Црно огледало (2019), ја води годишната специјална емисија Новогодишна забава на Мајли (2021–сега) и глумела и била извршен продуцент на документарната концертна емисија Бескраен летен одмор (2023). Во 2014 година, ја основала непрофитната организација Happy Hippie Foundation за чии потреби ја започнала веб-видео серијата Backyard Sessions (2012-2023). Мајли Сајрус добила многу награди и признанија меѓу кои: две Греми-награди, една награда Брит, пет Билборд-награди, три MTV-видеонагради и поставила осум Гинисови рекорди. Таа се појавилa на листи како: Time 100 (2008 и 2014) и Forbes 30 Under 30 (2014 и 2021). Билборд ја ставил на деветто место на списокот од „Најдобри билборд 200 пејачки“ и на 62-ро место на списокот од „Најдобри пејачки на сите времиња“. Сајрус се наоѓа на осмо место меѓу пејачките со најмногу продадени дигитални синглови сертифицирани од RIAA,[3] а според Billboard е меѓу најуспешните пејачи во 2010-тите.[4] Живот и кариераДетство и почетоци на кариератаМајли Сајрус е родена во Френклин, Тенеси,[5] како ќерка на Летиција „Тиш“ Сајрус и кантри-пејачот Били Реј Сајрус.[5] Била родена со суправентрикуларна тахикардија, состојба која предизвикува абнормален пулс во мирување.[6] Нејзино родено име е Дестини Хоуп Сајрус (Destiny Hope Cyrus), но бидејќи како мала постојано била насмеана, нејзиниот татко Били Реј Сајрус (Billy Ray Cyrus) постојано ја викал smiley, а како рима на тоа е Мајли;[7] во 2008 година официјално си го сменила името во Мајли Реј Сајрус.[8] Кума на Сајрус била кантри-пејачката Доли Партон.[9] И покрај противењето на издавачката куќа на нејзиниот татко,[10] родителите на Сајрус тајно се венчале на 28 декември 1993 година, една година по нејзиното раѓање.[11] Тие имале уште две деца, синот Брејсон и ќерката Ноа.[12] Нејзинот постар полубрат и постара полусестра се од претходната врска на нејзината мајка Тиш Сајрус.[13] Постариот брат Трејси е пејач во поп-групата Метро Стејшан (Metro Station).[14] Постарата полусестра, Бранди Сајрус, ѝ прави друштво на Мајли на скоро сите нејзини концерти како гитаристка. Исто така има уште еден полубрат од претходната врска на татко, Кристофер Коди кој бил роден во април 1992 година [11] и пораснал со неговата мајка, келнерката Кристин Лаки, во Јужна Каролина.[10][15] Сајрус детството го поминала на фармата на нејзините родители во Томпсон Стејшн во Тенеси каде што учела во основното училиште.[16] Кога ѝ била доделена улогата на Хана Монтана, семејството се преселило во Лос Анџелес и таму имала приватен учител.[17] Во 2001 година, додека нејзиниот татко ја снимал телевизиската серија Док, таа и нејзиното семејство се преселиле во Торонто. Почнала да зема часови по пеење и глума во студио за глума во Торонто.[18][19] Првата глумечка улога на Сајрус била улогата на Кајли во телевизиската серија на нејзиниот татко, Док.[7] Во 2003 година, ја глумела „младата Рути“ во Големата риба од Тим Бартон.[20] Нејзините родители, по совет од Доли Партон, потпишале договор со Morey Management Group за нејзината музичка кариера. Менаџерот на нејзиниот татко станал одговорен за финансиите на Мајли Сајрус, а нејзината мајка станала нејзин ко-менаџер. 2006–2009: Хана Монтана и први музички изданија![]() Сајрус била на аудиција за Дизниевата телевизиска серија Хана Монтана кога имала тринаесет години.[21] И покрај тоа што на почетокот била одбиена за улогата затоа што била „премала и премлада“,[22] подоцна ѝ била доделена главната улога поради нејзините пејачки и симпатично глупави глумечки способности.[23] Серијата била премиерно прикажана во март 2006 година и премиерата имала највисока гледаност на Дизни канал,[24] а за брзо серијата се вброила и меѓу највисоко оценетите серии.[25] Поради успехот на серијата Сајрус била прогласена за „тинејџерски идол“ и била наречена најголема светска детска ѕвезда и глобален феномен.[20][26] Таа, исто така, станала прва личност која склучила договори со Компанијата Волт Дизни за телевизија, филм, музика и други маркетиншки производи.[26] Сајрус, која потпишала договор за снимање на четири албуми со Hollywood Records, издавачка куќа во сопственост на компанијата Волт Дизни, во јуни 2007 година издала двојно ЦД под наслов Hannah Montana 2: Meet Miley Cyrus. Првото ЦД, Хана Монтана 2, било саундтрак за втората сезона од серијата. Второто ЦД Meet Miley Cyrus всушност бил прв студиски албум на пејачката. Албумот бил подеднакво успешен како и неговиот претходник, а исто така се искачил и на првото место во САД.[27] По издавањето, Сајрус тргнала на турнеја.[28][29] Официјалните претставници од Ticketmaster навеле дека „немало толкава побарувачка за карти уште од времето на Битлси или Елвис “.[30] Успехот на турнејата довело до театрално објавување на 3Д концертниот филм Hannah Montana & Miley Cyrus: Best of Both Worlds Concert (2008).[31] Исто така Мајли е позната пејачка која има 4 албуми: Meet Miley Cyrus (2007), Breakout (2008), The time of our lives (2009) и I Can't Be Tamed (2010). Таа исто така има и снимено филм "Хана Монтана". Има уште еден филм снимено "The last song".[32] Таа го има позајмено и гласот во цртанот "Bolt".[33] Taa исто така има песна наречена "Send it on" која ја пее со Селена Гомес, Деми Ловато и Џонас Брадерс. Со таа песна тие помогнаа во еден проект за чување на природата. Спотови
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia