Медицински универзитет (Софија)
Медицинскиот универзитет е универзитет кој се наоѓа во Софија, Бугарија. Медицинскиот универзитет во Софија е најстарото училиште за високо медицинско образование во Бугарија. До 2013 година, во него се обучувале речиси 4,000 студенти, од кои 800 странски, 121 докторанти, 2237 дипломирани и 23 клинички ординатори. Од страна на Националната агенција за оценка и акредитација на 27 јули 2006 година бил акредитиран со оценка многу добар. Медицинскиот универзитет е комплексна структура, изградена од 4 факултети, 1 департмент, 1 колеџ, 1 филијалата и 14 универзитетски болници. Како и во повеќето земји од Западна Европа и САД, тој се состои од 2 главни структури - Претклиничка база и Клиничка база. Во нив работат 1969 професори и научни соработници. ИсторијаСофискиот медицински универзитет е најстарата установа за високо медицинско образование во Бугарија. Неговото височество Цар Фердинанд го основал со декрет во 1917 година како медицински факултет при Софискиот универзитет.[1] М. Русев, А. М. Петров, С. Ватев и П. Ораховац ги подготвиле одделенијата на болницата Александровска за потребите на идните клиники и организирале обука на наставниот кадар. Меѓу првите професори по медицина во Бугарија биле В. Молов, П. Стојанов, Свети Киркович, И. Кипров (прв декан), Р. Х. Кан, Т. Петров, Пашев, А. Теодоров итн. Во 1942 година бил отворен оддел за стоматологија и основачи биле доцент С. Давидов, доцент Г. Стилјанов и професорот А. Станишев.
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia