Мездра (Бугарија)Оваа статија се однесува на град во Бугарија. За останати значења, погл. Мездра (појаснување).
![]() Мездра (бугарски: Мездра) — град во северозападниот дел на Бугарија, во Врачанската Област. Градот е административен центар на општина Мездра. Според пописот од 2022 година, во Мездра живеат 9.562 луѓе.[1] ГеографијаГрадот е сместен крај река Искар, на кривината од југ на исток северно од Стара Планина. Релјефот на општината е полупланински. Најголем дел од нејзината територија заземаат земјоделските површини и шуми. Климата е умерено континентална. ИсторијаСегашната населба е основана со изградбата на железничката линија Софија - Горна Орјаховица во крајот на 19 век и населението е дојдено од околните села. На местото се пуштила во употреба станицата „Мездра“ и крај неа почнуваат да се населуваат луѓе. По изградбата на линијата Мездра - Видин, станица Мездра станала втората по важност во Северна Бугарија, веднаш зад Горна Орјаховица. Голем дел од населението во Мездра се наследници на доселеници од градот Кичево и неговата околина во Македонија. До 1944 г. има културно-просветно друштво со името на познатиот кичевски војвода Јордан Пиперката. Има статус на град од 1953 г. ИнтересноПоморски нос (’рт) Мездра (англиски: ’’Mezdra Point’’) на островот Сноу на Антарктикот е наречен во чест на градот.[2] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia