Мелани Грифит
Мелани Ричардс Грифит (родена на 9 август 1957 г.)[1] — американска глумица. Првата улога во кариерата, таа ја добила во филмот Ноќни движења (1975), глумејќи наспроти Џин Хекман. Таа станала позната по улогата во еротскиот трилер Дублерка (1984) режиран од Брајан Де Палма, за која добила награда за најдобра споредна глумица од националното друштво на филмски критичари. Изведбата на Грифит во Чудесна девојка (1986) ѝ донела критички пофалби, а потоа за улогата во Вработена девојка (1988), таа била номинирана за Оскар за најдобра глумица и добила Златен глобус. Во 1990. години Грифит играла низа на улоги кои добиле различни критики: таа добила номинации за Златен глобус за улогите во телевизиските филмови Бафало девојки (1995) и Проект 281 (1999), а исто така добила и Златна малина за најлоша глумица за нејзината изведба во Пробивање на светлината (1992), и номинации за истата награда за изведбите во филмовите Луди во Алабама (1999) и Избезумениот Сесил Б. (2000). Во овој период таа играла и во филмовите Пацифик Хајтс (1990), Водопадите Мулхоланд (1996), Лолита (1997) и Друг ден во рајот (1998). ЖивотописГрифит е ќерка на глумицата Типи Хедрен. Од врската со Дон Џонсон, Мелани Грифит ја има ќерката Дакота Џонсон, која, исто така, е глумица.[2] Подоцна, таа била омажена за глумецот Антонио Бандерас, но во јуни 2014 година, по 18 години поминати во брак, тие се развеле.[3] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia