Меморијален комплекс на паднатите борци на револуцијата
Меморијален комплекс на паднатите борци на револуцијата во Штип — спомен комплекс кој се наоѓа на источната страна од Штипската тврдина и е посветен на партизаните кои загинале за време на НОБ. ИсторијаАрхитект на комплексот е Богдан Богдановиќ, кој победил на отворениот конкурс. Изградбата започнала во 1969 година и била завршена во 1974 година.[1] АрхитектураСпомен комплексот го сочинуваат монолити со висина од приближно 2 метри, изработени од бел прилепски мермер. Спомен комплексот висински се простира на две нивоа. Првото ниво започнува со три монолити на кои се изрезбани ниши налик брановидна драперија. Висински одвоените нивоа се поврзани со церемонијални скали кои се потенцирани со вкупно 92 помали мермерни кенотафи на кои се изгравирани имињата на паднати борци при НОБ и различни геометриски симболи. Вториот сегмент го сочинуваат 12 мермерни монолити. Секој од нив е издлабен и изгравиран со различни геометриски мотиви. Притоа како мала подробност, на нивната позадина се изгравирани апликации налик на афион, цветови, сонце, симболи карактеристични во Македонија. Врвовите на монолитните парчиња завршуваат со обработка многу слична на рогови, под влијание од минојската цивилизација, како физички симбол за света земја, свето место во сакралната архитектура каде се погребани останки на загинатите во војна. Еден од овие мермерни блокови се издвојува поради изгравираните стихови на поетот и мештанин Ацо Шопов.[1]
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia