Општина Штип
![]() ![]() Општина Штип — општина во Источна Македонија со седиште во градот Штип. МестоположбаОпштината Штип се наоѓа во средното сливно подрачје на реката Брегалница, во центарот на Источна Македонија. Има површина од 810 км2 на која, според пописот од 2002 година, живеат 47 796 жители. Подрачјето претежно е со планинска и ридска местоположба, со исклучок на Кочанската, Овчеполската и Лакавичката Котлина со долините на реките Брегалница и Крива Лакавица. Просечната висинска разлика, помеѓу планинските сртови и рамнинските предели по теченијата на реките, изнесува 1 300, а средната надморска висина е 250 метри. Општина Штип лежи во средното сливно подрачје на реката Брегалница. Се граничи со седум општини и тоа: Радовиш, Конче, Неготино, Градско, Лозово, Свети Николе и Карбинци, со добра местоположба и патна поврзаност. Општината се одликува со претежно планински и ридски релјеф, како и умерено-континентална клима, со одредено влијание на изменета средоземна клима. Просечната годишна температура изнесува 12,9 целзиусови степени, а највисоки температури се измерени во август, додека најниски во јануари. Штипската општина претставува исклучително ветровите подрачје, а ветровите дуваат преку целата година, при што општината има дури 270 денови воздушно струење. Сето тоа резултира со претежно чист воздух.[2] ИсторијаАрхеолошките наоди ја потврдуваат исклучително долгата историја на Штип и околината. Така, во околината на Штип се најдени населби од времето на праисторијата, на наоѓалиштата: "Баби", "Фортуна", "Криви Дол" и "Караорман".[3] СтопанствоДемографијаВо општина Штип, која вклучува 71 населено место и претставува 3,1% од површината на Македонија, живеат вкупно 47 796 жители. Националната структура на општината ја сочинуваат:[4]
Населени местаНаселени места во Општина Штип: Штип, Балталија, Брест, Врсаково, Горачино, Доброшани, Долани, Драгоево, Едеклерци, Јамуларци, Калапетровци, Кошево, Криви Дол, Лакавица, Лесковица, Липов Дол, Љуботен, Никоман, Ново Село (населба), Ново Село (село), Пенуш, Пиперово, Почивало, Пухче, Сарчиево, Селце, Скандалци, Софилари, Стар Караорман, Степанци, Суво Грло, Судик, Сушево, Танатарци, Тестемелци, Топлик, Хаџи-Реџепли, Хаџи-Сејдели, Хаџи-Хамзали, Црешка, Чардаклија, Чифлик, Шашаварлија и Шопур. Општествени установиСамоуправа и политикаГрадоначалник на општина Штип е Иван Јорданов од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој бил избран на локалните избори од 2021 година за мандат од четири години. Советот на општина Штип е составен од 23 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се: ![]() СДСМ: 12 места ВМРО-ДПМНЕ: 11 места Културни и природни знаменитостиРедовни настаниЛичностиКултура и спортСпорт
ИселеништвоНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia