Меморијален центар на АСНОМ
Меморијален центар на АСНОМ — културно-историски и спортско-рекреативен центар во кумановското село Пелинце, посветен на Првото заседание на АСНОМ одржано на 2 август 1944 година во манастирот Св. Прохор Пчински. Комплексот се наоѓа крај реката Пчиња во селото Пелинце (Општина Старо Нагоричане) на два километра оддалеченост од историското место каде е одржано првото заседание, манастирот Св. Прохор Пчински. ИсторијаИдејата да се изгради Меморијален центар на АСНОМ, се родила откога почнале проблеми со одбележувањето на заседанието на АСНОМ во манастирот „Св. Прохор Пчински“ на територијата во Србија. Тензиите се зголелиле откако српскиот радикал Воислав Шешељ насилно ги извадил спомен-плочите од заседанието на АСНОМ во 1998 година, така што изминатите години македонските делегации на празникот положувале венец кај чешмата во близина на манастирот. Иницијативата за изградба на ваков центар дошла од страна на тогашниот министер за култура Благој Стефановски. Предлогот бил прифатен од страна на Владата. Идејата било да се изгради културно-историски споменик со рекреативни содржини, но без црква и манастирски комплекс, како што бил предлогот на господин Кирил.[1] Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце е отворен на 2 август 2004 година, во повод на 60-годишнината од Првото заседание на АСНОМ од тогашниот претседател на Македонија, Бранко Црвенковски. ГрадбаКомплексот има површина од 8,5 хектари, на него се наoѓаат: игралишта, ресторан, амфитеатар за приредби и музеј на АСНОМ во кој се пренесени спомен-плочите од Заседанието на АСНОМ што биле во манастирот Прохор Пчински. Проектант на Меморијалниот центар е архитектот Георги Константиновски. На фасадата на музејот се наоѓа монументален мозаик од 140 квадратни метри - Македонија дело на македонски сликар Рубенс Корубин. Во музејот се наоѓа копија на собата во манастирот „Прохор Пчински“, во која се одржало Првото заседание на АСНОМ, до неа е и спомен-собата во која се изложени документите од создавањето на македонската држава.[2] Галерија
Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia