Менемени
Менемени (грчки: Μενεμένη), постаро име: Нов Менемен (Νέα Μαινεμένη, Неја Менемени) — населба западниот дел на Солун, Егејска Македонија и седиште на општината Амбелокипи-Менемени. Населението брои 14.297 жители (2021). ИсторијаНаселбата е основана во 1922 г. кога тука биле доведени околу 160 грчки семејства од истоименото село Менемени во Мала Азија (денес Менемен). На пописот од 1928 г. Менемени се состоело од 114 семејства со вкупно 496 жители, сите грчки доселеници.[2] Истата година почнала изградбата на црквата „Св. Петка“ со облик на куполна трикорабна базилика, наречена по истоимената црква во старото село Менемени во Турција. Првите жители се занимавале исклучиво со земјоделство, но потоа почнале да се занимаваат и лозарство и сточарство. Денес многумина имаат градски занимања. Со владина наредба во 1934 г. кон Менемени се приклучени новооснованите доселенички населби Ново Арманќој и Нов Босфор. Така зголемена, во 1940 г. населбата е заведена со 2.571 жител.[2] По Втората светска војна населението доживеало голем пораст поради близината на Солун. НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Знаменитости
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia