Мериибре Кети
Мериибре Кети, исто така познат по неговото Хорово име Мериибтави, бил фараон од 9-та или 10-тата династија на Египет, за време на Првиот среден период.. Владеење![]() Некои научници[1][2][3] веруваат дека Мериибре Кети бил основач на 9-та династија, хераклеополски номарх кој собрал доволно авторитет за да се прогласи за легитимен наследник на 6-та династија на фараоните. Се чини дека Мериибре владеел со соседните номарси со железна тупаница, и најверојатно поради тоа во подоцнежните времиња овој владетел е споменат од Манетон како злогласниот Актоес, зол цар, кој полудел, а потоа бил убиен од крокодил. Алтернативно, други египтолози како Јирген фон Бекерат[4] наместо тоа веруваат дека Мериибре владеел кон крајот на 10-та династија, непосредно пред кралот Мерикаре. Заради спротивставените мислења на научниците, владеењето на Мериибре е тешко да се датира со сигурност; ако тој навистина бил основач на 9-та династија, неговото владеење требало да започне конвенционално околу 2160 година п.н.е.,[5] додека во вториот случај неговото владеење требало да започне околу еден век подоцна. ПотврдиБидејќи неговото име не се споменува во Кралскиот список од Торино, овој владетел е познат само по неколку предмети: еден вид бакарен мангал или корпа од гробница во близина на Абидос (пронајден заедно со палета која го носи името на царот Merikare), сега изложен во музејот Лувр; на стапче од абонос од Меир сега во Музејот во Каиро (JE 42835), на фрагмент од ковчеже од слонова коска од Лишт, и некои други ситни наоди.[2] Благодарение на овие неколку споменици, кралската титула на Мериибре е најцелосна меѓу познатите фараони од овој период. Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia