Методија Соколоски
Методија Соколоски (15 мај 1913 - 24 октомври 1984) — македонски историчар и османист.[1] ЖивотописРоден е на 15 мај 1913 година[2] во Прилеп, за време на Првата балканска војна. Основното образование и VI клас гимназија ги завршил во Скопје, а поради затворањето на вишите класови на Прилепската гимназија, VII и VIII со матура во Битола. Научил турски јазик како дете во родниот град. Студирал на Филозофскиот факултет при Белградскиот универзитет. Поради вклучување во редовите на студентските протести во Прилеп и Белград, уапсен е од југословенските власти, а за време на Втората светска војна од бугарските власти. Во 1943 г. бил отпуштен од државната служба.[1] Од 1949 до 1951 г. бил предавач на Институтот за општествени науки во Белград. По завршувањето на студиите бил назначен за директор на Институтот за национална историја и на покана од Филозофскиот факултет во Скопје организирал настава по турски јазик и османска палелологија. Во 1959 станал доцент, во 1963 г. вонреден професор, а во 1968 г. станува редовен професор на факултетот. Во 1949 - 1950 г. и 1959 - 1960 г. е директор на Институтот за национална историја. Во 1969/1970- 1970/1971 г. е декан на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.[1][2] Од 1951 година, истражувал во архивот на Претседателството на турската влада во Истанбул, специјализирал во Високата школа на источни јазици во Париз како стипендист на француската влада. Неколку пати престојувал и истражувал во Истанбул и Анкара каде микрофилмувал архивска документација за историјата на Македонија од периодот на осмалиската власт од XV и XVI век, поради што го објавил првиот том на „Турски документи за историјата на македонскиот народ од 1607-1629 година“ во издание на Државниот архив на Македонија во соработка со Ариф Старова, Ванчо Бошков и Фетах Исхак. Вториот том го објавил сам. Се пензионирал во 1978 г.[1] Починал на 24 октомври 1984 г. во Скопје.[1][2] НаградиТрудовиАвтор е на бројни научни трудови[2][3]:
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia