Меѓународен ден на семејствотоМеѓународен ден на семејството — ден што се слави секоја година на 15 мај. Генералното собрание на Обединетите нации го прогласило овој празник со резолуција во 1993 година. Празникот ја истакнува важноста на семејството во меѓународната заедница. За прв пат бил одбележан на 15 мај 1994 година. Меѓународниот ден дава можност да се подигне свеста за прашања поврзани со семејствата и да се зголеми знаењето за општествените, економските и демографските процеси кои ги засегаат семејствата.[1] Што му претходело на востановувањето на Денот на семејствотоВо 1980-тите, Обединетите нации почнале да го насочуваат вниманието на прашања поврзани со семејството. Во 1983 година, врз основа на препораките на Економско-социјалниот совет, Комисијата за општествен развој во својата резолуција за улогата на семејството во процесот на развој (1983/23) побарала од генералниот секретар да ја зголеми свеста кај носителите на одлуките и јавноста за проблемите и потребите на семејството, како и за ефикасни начини за задоволување на тие потреби. Во својата резолуција 1985/29 од 29 мај 1985 година, Советот го повикал Генералното собрание да ја разгледа можноста за вклучување во привремениот дневен ред на својата четириесет и прва седница на точка со наслов „Семејствата во процесот на развој“, со цел да се разгледа барањето до генералниот секретар да иницира процес за развивање на глобалната свест за прашањата, насочени кон владите, меѓувладините и невладините организации и јавното мислење. Подоцна, врз основа на препораките на Комисијата за општествен развој, формулирани на 30. круг на заседанието, Собранието ги поканило сите земји да ги изнесат своите ставови за можното прогласување на Меѓународна година на семејството и да дадат свои коментари и предлози. Во својата резолуција 44/82[2] од 9 декември 1989 година, Генералното собрание ја прогласило Меѓународната година на семејството. Генералното собрание се одржало во 1993 година во резолуцијата (A/RES/47/237) одлучило 15 мај секоја година да се слави како Меѓународен ден на семејството. Овој ден дава можност да се подигне свеста за прашањата поврзани со семејствата и да се зголеми знаењето за општествените, економските и демографските процеси кои ги засегаат семејствата. Обележување на датумотИзбраниот датум за ова одбележување, 15-ти мај секоја година, бил избран по повод усвојувањето на првобитната резолуција со која била предложена Меѓународна година на семејството. Одбележувањето на Меѓународниот ден на семејството започнало во 1994 година,[3] и дава можност за промовирање на свеста за прашања поврзани со семејствата и зголемување на знаењето за општествените, економските и демографските процеси кои ги засегаат. ТемиСекоја година, генералниот секретар на ОН ја објавува темата за Меѓународниот ден на семејствата.
ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia