Дијаграм на којшто се прикажани Целите за одржлив развој
Цели за одржлив развој (скратено ЦОР) — група од 17 цели во врска со меѓународниот развој во иднина. Целите биле утврдени од страна на Обединетите нации и се промовирани како „Глобални цели за одржлив развој“. Тие ги замениле Милениумските развојни цели, чијшто временски период на исполнување завршил на крајот од 2015 година. Целите за одржлив развој се спроведуваат од 2015 до 2030 година. Се состојат од 169 потцели и 247 показатели за мерење на напредокот кон нивното постигнување.[1]
Преглед
Список на цели
На 25 септември2015 година, 193 држави, вклучувајќи ја и Македонија, се согласиле за следните 17 цели:[2][3]
заштита, обновување и промовирање на одржливото користење на копнените екосистеми, одржливо управување со шумите, борба против опустинувањето и спречување на и повлекување на земјишната деградација и спречување на намалувањето на биоразновидноста
промоција на мирољубиви и инклузивни општества за одржлив развој, пристап до правда за сите и изградба на ефикасни, одговорни и инклузивни институции на сите нивоа
зајакнување на средства за спроведување и ревитализација на глобалното партнерство за одржлив развој
Потцели и показатели
Целите се сочинети од 169 показатели и напредокот кон нивно постигнување се мери со помош на 247 показатели. Секоја цел има од 8-12 потцели, а секоја потцел има од 1-4 показатели. Потцелите се однесуваат или на „исход“ (состојба којашто треба да се постигне) или на „средство за спроведување“.[4] Последните цели биле воведени подоцна во преговарачкиот процес со цел да се опфатат грижите на некои земји членки за тоа како ЦОР ќе бидат остварени. ЦОР 17 целосно се однесува на исполнувањето на целите.[4]
Потцелите со исходи користат броеви, додека оние со средства за спроведување мали букви. На пример, ЦОР 6 има вкупно 8 потцели — првите шест се однесуваат на исход и се обележани од 6.1 до 6.6, додека последните две се однесуваат на средсто за спроведување и се обележани како 6.а и 6.б.