Меѓународен индекс на растителни имиња
Меѓународен индекс на растителни имиња (англиски: International Plant Names Index, крат. IPNI) — бесплатна база на податоци која ги содржи имињата на семените, папратните и црвоточните растенија и дава библиоградски податоци за истите. Најдобро се опфатени видовите и родовите.[2] Целта на базата е да се одбегне непотребно упатување на голем број првоизворници при пребарувањето на имињата и особините на таксоните.[3][4] Базата има и список на стандардизирани авторски кратенки, првично заснован на Брамит и Пауел (1992). Списокот редовно се подновува со нови кратенки. ОписIPNI е соработка помеѓу Кралските ботанички градини во Кју (Index Kewensis), Харвардскиот хербариум (Gray Herbarium Index) и Австралискиот национален хербариум (APNI). Базата е збирка на имиња заведени во овие три установи и работи на стандардизација на информациите. Стандардот за авторски кратенки препорачан од Меѓународниот правилник за номенклатура на алгите, габите и растенијата како „Автори на растителни имиња“ (Authors of Plant Names) на Брамит и Пауел. Базата ги следи и имињата објавени во стручните списанија и дава индекс на истите.[3] Во 2010 г. е отпочнат придружниот проект The Plant List кој има за цел да ги утврдува прифатените имиња на видовите. Истото место го води и проектот Index Fungorum, посветен на габите. ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia