Семени растенија
Семените растенија (науч. Spermatophyta) или фанерогами се сите оние растенија што даваат семиња и претставуваат подргупа на копнените растенија (Embryophyta). Денешните семени растенија се делат на пет групи:
Покрај горенаведените таксони, фосилните наоди укажуваат на голем број на изумрени таксони на семени растенија. Меѓу првите успешни групи на конпени растенија се вбројуваат таканаречените „семени папрати“ (Pteridospermae), кои доминирале во доцниот палеозоик. Најзастапениот род на дрва на суперконтинентот Гондвана за време на периодот перм биле јазиколиснатите (Glossopteris). Веќе во тријасот, еколошкото значење на семените папрати опаднало, а кон крајот на кредата изобилувале и доминирале членовите на денешните голосемени групи, со распространувањето на скриеносемениците. Други веројатно семени растенија од доцнопалеозојската група биле џиновскoлиснатите (Gigantopteridales). Врски и номенклатура
Меѓутоа односот помеѓу овие групи не треба да се смета за конечно решен.[2] Современата номенклатура ги дели групите на посебни оддели (збирно нарекувајќи ги „надоддел семени растенија“): Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia