Меѓународна агенција за атомска енергија

Меѓународна агенција за атомска енергија
КратенкаМААЕ, IAEA
Основана29 јули 1957
Видмеѓународна организација
Правен статусактивна
СедиштеВиена, Австрија
Членство180 земји-членки[1]
Ген. директорРафаел Гроси
Мреж. местоiaea.org
Виенскиот меѓународен центар во кој е сместено седиштето на МААЕ

Меѓународна агенција за атомска енергија или МААЕ (англиски: International Atomic Energy Agency, IAEA) — меѓународна организација, основана во 1957 година. Седиштето на организацијата е во Виена, Австрија.

Во 2005 година на МААЕ и на нејзиниот поранешен Генерален директор Мохамед Елбарадеј им е доделена Нобеловата награда за мир.

Македонија во Мегународната Агенција за Атомска Енергија е прва организација која имаше претставник од Република Македонија во состав на мегународните функционери. Академик Ратко Јанев беше прв мегународен службеник од Македонија во системот на ОН.

Главнa задача

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) е прва глобална меѓународна организација за промовирање на мирно користење на јадрената енергија и технологијата. Основната задача на Меѓународната агенција за атомска енергија е да се ограничи и забрани употребата на јадрената технологија за воени цели и за производство на јадрено оружје.

Правен статус

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) е формирана како независна организација во системот на Организацијата на Обединетите нации (ООН) на 29 јули 1957 година. Според посебна спогодба меѓу Обединетите нации и Меѓународната агенција за атомска енергија, оваа организација правно е дел од системот на ООН, како автономна организација договорно поврзана со ООН, со определни одговорности во однос на Генералното собрание на Обединетите нации, согласно нејзината основна задача определена во Статутот.

Главни органи на МААЕ

Организационата структура на МААЕ е определена според нормите и правилата од Статутот, како највисок правен акт на оваа Агенција. Меѓународната агенција за атомска енергија има три главни органи: Советот на управниците, Генералната конференција (составена од сите држави членки) и Секретаријатот (на чело со Генерален директор, како највисок службеник на овој административен орган).

Членство

Во моментов, Меѓународната агенција за атомска енергија има 173 држави - членки.

Јазици во МААЕ

Службените јазици се утврдени со Статутот на МААЕ. Службените јазици на организацијата се англиски, француски, арапски, кинески, руски и шпански јазик.

Надворешни врски

Документи

Наводи

  1. „List of Member States“. iaea.org. 29 ноември 2024.

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya