Меѓународна организација на франкофонијата
Франкофонија (фр. L’OIF) службен назив „Меѓународна организација на франкофонијата“, е составена од голем број на држави, земји и региони на сите пет континенти во светот кои го користат францускиот јазик како национален, службен, работен и во меѓународните комуникации. Франкофонијата е француски израз, за првпат употребен во 1880 година, од страна на францускиот географ Onesim Reclus, брат на Elise Reclus, кој ја означил заедницата на луѓе и држави во светот кој го користат францускиот јазик. Франкофонијата ја сочинуваат 56 земји членки и 14 земји набљудувачи со 950 милиони жители, и површина од 28 милиони км2. ![]() Во секоја од овие земји францускиот јазик е или мајчин, или службен, или официјален со некој друг јазик, или употребуван во разни институции или барем во мал дел се користи. Модерната франкофонија датира од 1970 година. Нејзиното мото е еднаквост, комплементарност, солидарност (egalite, complementarite, solidarite). Во почетокот франкофонијата била мала заедница од земји во кој се зборувало францускиот јазик, додека денеска таа е меѓу трите најголеми организации во светот, чиишто земји соработуваат на културно поле, науката, економијата, правдата и мирот. Заедно со останатите организации како што е УНЕСКО, франкофонијата работи на развојот на лингвистиката и културата во ерата на глобализам. Исто така многу соработува со слични организаации, а особено со шпански (Латинска унија), и со португалски (Заедница на држави со португалски јазик), кои се многу значајни во светот. СтруктураL’OIF има статус на набљудувач во седницата на Cоветот за безбедност. СамитиСамитите се одржуваат на секои 2 години, кога водачите на земјите членки имаат можност да се сретнат и да ја развиваат стратегијата и целите на организацијата. Важно е да се напомене дека оригиналниот основач на франкофонијата бил Samuel de Champlain. ПРЕТХОДНИ САМИТИ
Постојан советПостојаниот совет на франкофонијата се состои од амбасадори на земјите членки, и како министерска конференција, негова главна задача е планирање за наредниот самит и надгледување на одлуката на самитот за имплементација врз основа на ден зад денот. Меѓународна агенцијаМеѓународната агенција е главен оператор на културните, техничките, научните, економските и правните програми и одлуки на самитот. Седиштето на агенцијата е во Париз, а има и три ограноци во Либравил, Габон, Ломе, Того и Ханој, Виетнам. Постојани земји членкиЕвропа
СЕВЕРНА И ЈУЖНА АМЕРИКА
АФРИКА
АЗИЈА ОКЕАНИЈА Асоцијативни членки Набљудувачи |
Portal di Ensiklopedia Dunia