Мигел Блеса
Мигел Блеса де ла Пара (шпански: Miguel Blesa de la Parra; 8 август 1947 - 19 јули 2017 година) ― шпански банкар, претседател на шпанската банка Каха Мадрид (Caja Madrid) од 1996 до 2009 година.[1][2] Во февруари 2017 година, Блеса била осуден на шестгодишна затворска казна во врска со широко распространетата злоупотреба на кредитните картички на стопанското друштво за време на неговиот долг мандат како претседател на Каха Мадрид,[3] но остана на слобода во очекување на исходот од жалбата до Врховниот Суд.[4] Блеса бил пронајден мртов на приватен ловечки имот во покраината Кордоба на 19 јули 2017 година, со рана од сачмарка во градите.[3][5] Обдукцијата на 20 јули потврдила дека тој се самоубил.[6] Како смртта на Рита Барбера и другите од случајот „Гиртел“ (Франсиско Јањез, Марија дел Мар Родригес и Исидро Куберос), наследниците на Блеса се одговорни за отштета на оштетените.[7] Тој добил златен медал од Кралската академија за историја,[8] и бил награден како Главен претседател на финансиски субјект за 2005 година од страна на Banca 15.[9] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia