Микрограм

микрограм
Нутрициска информација ја дава, на пример, количината на фолна киселина во микрограми.
Информации за мерката
Мерен системSI
Единица заМаса
Ознакаμg 

Микрограм[1] (µг, мкг; меѓународно: µg, mcg) — единица за маса еднаква на милионити дел (1/1.000.000) од грамот[2] (1 × 10−6) или 1/1000 од милиграм. Ова е една од најмалите единици за маса (и тежина) што се користи во макроскопски размери. Симболот „µg“ е утврден во Меѓународниот систем на мерни единици и често се применува во научната литература, но организациите како Заедничката комисија (JCAHO) од САД препорачуваат да не се користи во болници бидејќи рачно напишан, симболот µ наликува на m, што може да доведе до илјадакратно предозирање. Наместо тоа, се препорачува кратенката мкг (mcg).[3]

Поврзано

Наводи

  1. „микрограм“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „микрограм“ — Лексикон на македонскиот јазик
  3. „Список на кратенки, симболи и дозни ознаки подлежни на грешки“ (PDF). ISMP. Посетено на 2 ноември 2011. (англиски)
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya