Недоволното внесување на неопходни хранливи материи ги прави луѓето подложни на разни хронични болести. Покажано е дека некои 50 % од возрасните лица во САД имаат една или повеќе спречлива болест.[3] Во САД храната сиромашна со хранливи материи, а висока енергетска вредност сочинува 27 % од дневниот внос на калории.[3] Лицата што внесувале големи количества шеќер во таа земја примале помалку микрохранливи материи, особено витамините А, Ц, Е и магнезиум.[3]
Јодирање на солта
Јодирањето на солта е крупен зафат во борбата против недостатокот од јод, кој е голем предизвикател на проблеми во душевното здравје. Во 1990 г. помалку од 20 % од домаќинствата во земјите во развој внесувале јодирана сол.[9] Во 1994 г. е отпочнато глобално партнерство за сеопшто јодирање на солта. Кон 2008 г. е проценето дека 72 % од домаќинствата во земјите во развој внесување јодирана сол,[10] а бројот на земји со овој здравсвен проблем се располовил од 110 на 47.[9]
Додавање на витамин А
Недостатокот од витамин А е голем предизвикател на слепило во светот, особено кај децата.[11] Направени се големи светски потфати за добавка на витамин А во исхраната на населението во 103 земји. Во 1999 г. 16 % од децата во овие земји примиле две годишни дози на витамин А. Кон 2007 г. стапката се зголемила на 62 %.[12]
Дополнувањето на основните храни со витамин А има неизвесни предности во намалувањето на ризикот од потклинички недостаток на витаминот А.[13]
Цинк
Збогатувањето на основните прехранбени производи може да го подобрат нивото на цинк во крвниот серум на населението. Непознати се други ефекти како подобрување на општиот недостаток на цинк, детскиот раст, спознанието, работоспособноста на возрасните или крвните показатели.[14] Опирите покажуваат дека нанесувањето на цинково ѓубриво врз почвата и листовите делотворно го намалува соодносот на цинкот со фитатот кај житарките. Луѓето што јадат леб од пченица збогатена со цинк имаат значително зголемен цинк во крвниот серум, што укажува на тоа дека ѓубрењето со цинк има добри изгледи во борбата против недостатокот на цинк кај луѓето.
Растенијата не користат витамини, но мораат да внесуваат минерали.[8][15]
Структура на јадро Mn4O5Ca на кислородоразвојното место во растенијата, илустрирајќи една од многуте улоги на расеаниот минерал манган.[16]
За развојот на растенијата неопходни се седум елементи, макар во расеани количества.
Борот има улога во преносот на јаглехидрати кај растенијата; тој исто така помага во регулирање на метаболизмот. Недостатокот од бор често предизвикува сушење на пупките.
↑ 9,09,1Flour Fortification Initiative, GAIN, Micronutrient Initiative, USAID, The World Bank, UNICEF, Investing in the future: a united call to action on vitamin and mineral deficiencies, p. 19.
↑UNICEF, The State of the World's Children 2010, Statistical Tables, p. 15.
↑„Vitamin A“. Micronutrient Information Center, Linus Pauling Institute, Oregon State University. 25 февруари 2021. Посетено на 1 декември 2023.
↑Flour Fortification Initiative, GAIN, Micronutrient Initiative, USAID, The World Bank, UNICEF, Investing in the future: a united call to action on vitamin A and mineral deficiencies, p. 17.