Милениумска банка на семиња![]() ![]() Милениумската банка на семиња (англиски: Millennium Seed Bank Project) — меѓународен проект за заштита и запазување на растителниот свет под водство на Кралските ботанички градини во Кју. Проектот е лансиран во 2000 г.[1] и физички е сместен во просториите на Милениумската зграда на фондот Wellcome Trust, која се наоѓа во паркот на дворецот Вејкхерст во Западен Сасекс. Има за цел да обезбеди „осигурување“ против изумирањето на растенијата во дивината со складирање на нивните семиња за понатамошна употреба. Складиштето се состои од големи подземни замрзнати комори кои ја чуваат најголемата збирка семиња на светот. Иницијатор на проектот е Д-р Питер Томпсон, а од 1980 негов раководител е биологот Роџер Смит.[2] Во 2000 г. Кралицата го наградила Смит со Орден на Британската Империја за неговите заслуги за овој проект.[3] Во соработка со други биоразновидносни проекти ширум светот, банката праќа експедиции кои собираат семиња од сите сувоземни предели. Каде што е можно, семињата се чуваат во самата земја, а на Милениумската банка на семиња ѝ се испраќаат дупликати за складирање. Крупни партнерства постојат на сите континенти, што им овозможува на земјите-учеснички исполнуваат меѓународни зацртани цели како such as the Глобалната стратегија за заштита на растенијата и Милениумските развојни цели на Програмата за животната околина на ООН. Во месец април 2007 г. проектот го депонира своето милијардито семе [4], Oxytenanthera abyssinica, вид африкански бамбус. Во месец октомври 2009 г. проектот ја достигнува целта за собирање на 10% од растителните видови на светот со додавањето на Musa itinerans, вид дива банана, во ризницата. Цели на проектотГлавните цели на проектот [5] се следниве:
Меѓународни пратнерстваПроектот има партнерства во Австралија, Мексико, Чиле, Кенија, Кина, САД, Јордан, Мали, Малави, Мадагаскар, Буркина Фасо, Боцвана, Танзанија, Саудиска Арабија, Либан и ЈАР. Австралија е од особена важност бидејќи нејзината флора сочинува 15% од вкупниот број на видови во светот, со троа што 22% од нив се востановени како загрозени од изумирање[7]. Запазување на семињаСо нивното пристигнување, семињата се чистат и се потврдува нивната таксономска идентификација. Потоа се сушат, пакуваат и складираат во комори на температура под нулата. Смињата се ‘ртат од време-на време за да се добијат доволно семиња за истражување, но и за да се провери нивната употребливост и условите на чување. Ако во дивина настане недостиг од некои растенија, складираните семиња се одгледуваат во растенија и нивните семиња се дистрибуираат каде што е потребно. Сите семиња се даваат на установите на непрофитна база, заснована на заемна соработка. ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia