Флора![]() Флора (од лат. flora) е збирен поим за сите растенија во едно географско подрачје или временски период,[1] и обично се однесува на домородните видови. Еквивалентен поим во животинскиот свет е фауната. Флората, фауната и другите обливи на живот како габи заедно се нарекуваат биота. Потекло на поимотПоимот „флора“ доаѓа од Флора - римска божица на растенијата, цвеќињата и плодноста.[1] Класификација на флоратаРастенијата се групираат во флори според подрачјето, периодот, посебна околина или клима. Подрачјата може да бидат географски посебни живеалишта (на пр. планинска наспроти рамничарска). Флората на некој минат временски период се нарекува „фосилна флора“. Според посебните околини, флората може да биде:
Во флората понекогаш се вбројуваат и бактериите кои живеат на или од растенијата.[2][3] Како пишано делоПод „флора“ може да се подразбере и стручно дело наменето за ботаничари кое ги опишува растенијата и дава клуч за нивно распознавање. Флората на Википедија![]() Флората ја има на следниве категории: ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia