Миле Качаниклиев
Миле Кралев Качниклиев ( 1925 во Чучер, Скопско ― 16 април 1945 во Врпоље, Хрватска) ― македонски партизан и учесник во НОВ.[1][2] ![]() ЖивотописРоден е во сиромашно селско семејство. Завршил основно училиште во селото. Се занимавал со земјоделство и сточарство. Материјално ги помагал партизаните од порано.[1] Со доаѓањето на 16 македонска ударна бригада во неговото село, меѓу првите стапил во нејзините редови. Бил учесник во бројни акции на Бригадата против Германците кај Качаник.[2] По завршувањето на борбите во Македонија заминал на Косово, каде учествувал во ликвидирањето на одметнатите балистички банди. Потем заминал за Војводина, каде завршил воена и политичка настава и станал политички комесар на чета.[1] Со четата учествувал при пробивот на Сремскиот фронт и во натамошното гонење на разбиениот непријател. Неговата чета посебно се истакнала во извршувањето на борбените задачи. Учествувал и во големата битка за Врпоље, каде на 16 април 1945 година, тој загинал. Бил закопан на местото каде што загинал.[1][2] Поврзано
Наводи |
Portal di Ensiklopedia Dunia