Миле Хаџи Василев![]() Проф. д-р Миле Хаџивасилев е роден на 7 август 1922 година во Кочани. Основното образование го завршил во Кочани, гимназија во Скопје (1941), а Правен факултет во Белград (1962). Докторирал на Правниот факултет во Скопје на 4 декември 1959 година. Од 1954 година до пензионирањето е на работа на Правниот факултет, започнувајќи како асистент, па сè до редовен професор, во кое звање е избран 1971 година. Миле Хаџивасилев починал на 16 јули 2010 година во Скопје.[1] Функции на факултетотНа Факулетот и на Универзитетот, меѓу другото, проф. д-р Миле Хаџи Василев ги вршел следните функции: продекан и декан, претседател на Советот на Факултетот и на Советот на Факултетот за правни и политички науки, како и член на Универзитетскиот совет. Освен со педагошка работа, се занимавал и со публицистичка и научна дејност. Бил главен и одговорен уредник на „Народен глас“, орган на Окружниот одбор на НФ - Штип (1946), како и главен и одговорен уредник на списанието „Социјална политика“, и член на Редакцијата на списанието „Правна мисла“. Учествувал во организираната од Факултетот научноистражувачка работа врз следните теми: Правната положба на мелиоративниот систем на СРМ, Македонски терминолошки речник на политичките и правните науки и Природните катастрофи и граѓанското право. Учествувал и на многубројни советувања и симпозиуми во земјата и во странство, а во рамките на меѓуфакултетската соработка престојувал во СССР, Чехословачка, Бугарија, Австрија, Франција, Полска и Албанија. Објавил поголем број стручни и научни трудови од областа на 13семејното и наследното право, и учествувал во изготвувањето на одделни закони, било како член на комисија или како стручен за соодветната област (при изготвувањето на законите од областа на семејното право, како и при уредувањето на вонпроцесните постапки). Добитник е на наградата „13 Ноември“, од областа на науката. Објавени трудовиПроф. Миле Хаџи Василев досега има објавено многубројни трудови: учебници, монографии, научни и стручни статии од областа на семејното и наследното право, од кои позначајни се следните:
Наводи |
Portal di Ensiklopedia Dunia