Министерство за животна средина, урбанизација и климатски промени (Турција)
ИсторијаМинистерството е формирано во 1983 година преку спојување на Министерството за јавни работи, формирано на 3 мај 1920 година и Министерството за развој и домување кое е формирано 1958 година. Резултатот бил Министерството за јавни работи и домување, кое во 2011 година било преименувано во Министерство за животна средина и урбанизација.[2] Во 2021 година на името биле додадени климатските промени.[3] ОрганизацијаСо Министерството за животна средина, урбанизација и климатски промени раководи министер кој го именува претседателот на Турција. Министерството има повеќе одделенија и агенции, меѓу кои Генералниот директорат за управување со животната средина, Генералниот директорат за оцена на влијанието врз животната средина, Генералниот директорат за планирање на просторот, Генералниот директорат за еколошко образование и учество на јавноста и Генералниот директорат за климатски промени. ОдговорностиМинистерството е одговорно за борба против климатските промени во Турција[4] и еколошките прашања во Турција. И покрај тоа што Министерството за енергетика било претставено во Координативниот одбор за климатски промени и управување со воздухот, во 2018 година Европската комисија го критикувала недостатокот на координација помеѓу политиката за климатски промени и енергетската политика на Турција.[5] Главен претставник за климатски промени е Мехмет Емин Бирпинар, заменик министер за животна средина.[6] Според Министерството, амнестијата за градежни стандарди од 2018 година собрала 24 милијарди лири (4,2 милијарди американски долари), но од 2023 година сè уште не е познато колкав дел од зградите што се урнале во земјотресот во 2023 година имале корист од амнестиите за градежни стандарди.[7] По земјотресот во 2023 година, претседателот Ердоган издал декрет дека Министерството ќе биде единствениот носител на одлуки за нови станбени проекти во областите погодени од земјотресот.[8] Националната агенција за животна средина била основана во 2020 година, но до 2022 година не била оперативна.[9] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia