Министерство за надворешни работи на Кина
Министерство за надворешни работи на Народна Република Кина (кин. 中华人民共和国外交部, пинјин: Zhōnghuá Rénmín Gònghéguó Wàijiāobù, мктр. „џунгхуа женмин гунгхехуо вајџаобу“) е државен орган на НР Кина посветен на надворешните односи со другите земји во светот, на чие чело стои министер за надворешни работи (моментално Ванг Ји). Седиштето на установата се наоѓа во реонот Чаојанг на градот Пекинг.[1] Министерството е одговорно за осмослување и водење на надворешната политика на земјата, носење на одлуки, ракување со документите од надворешните односи и давање на изјави што се однесуваат на НР Кина. Установата исто така е надлежна за преговарање и потпишува на договори и спогодби со други земји, како и за испраќање на свои претставници во странство. Органот ги застапува интересите на Кина во ООН, на меѓувладини средби и во активностите на меѓународните организации. Има улога и да ја советува владата при осмислувањето на дипломатските стратегии, напатствија и политики.[2] Одделенија и служби
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia