Министерство за одбрана на Кина
Службените должности на министерството подразбираат обединето раководење со развојот и одржувањето на воените сили, каде спаѓаат регрутацијата, организацијата, опремувањето, обуката, военонаучните истражувања на армијата, но и да водат сметка за чиновите и паричниот надомест на офицерите и професионалните војници. Во практика, сите овие функции ги врши Генералштабот на самата војска, со кој раководи ЦВК. СтруктураМинистерството за одбрана има неколку одделенија:
Општата служба на министерството воедно игра улога на Општа служба на Генералштабот. Кадрите на другите служби се припадници на генералштабот. МинистерИако самото министерство нема значајни надлежности, функцијата на Министерот за одбрана важи за една од најважните во државата. Лицето на оваа функција секогаш е старешина во активна служба и обично е потпретседател на ЦВК, државен советник и член на ЦК на партијата, што му овозможува да носи одлуки на воено, државно и партиско ниво. Список на министри
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia