Мириц (округ)За други истоимени места, погледајте Мириц (појаснување).
Мириц (германски: Müritz) — поранешен округ во јужниот дел на сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Бил именуван по езерото Мириц. Се граничел со (од запад надесно) окрузите Пархим, Гистров, Демин, Мекленбург-Штрелиц, слободниот град Нојбранденбург и округот Источен Пригниц-Рупин во Бранденбург. Округот бил распуштен при административната реформа во септември 2011. Округот бил приклучен кон новиот округ Мекленбуршка Езерска Област. ГеографијаОкругот Мириц се протегал на западната половина на Езерската Област Мириц и Националниот парк Мириц. Езерото Мириц има површина од 117 км²; тоа е второ најголемо езеро во Германија веднаш зад Боденското Езеро, но и најголемо езеро кое целосно се наоѓа во Германија. ИсторијаОкругот бил создаден на 12 јуни 1994 со спојување на претходните окрузи Ребел и Варен и неколку општини од окрузите Малхин и Нојштрелиц. Овој округ бил споен со Мекленбург-Штрелиц и поголемиот дел од Демин при административната реформа во септември 2011, за да го создадат новиот округ Мекленбуршка Езерска Област. Грб
Градови и општини
Надворешни врски
53°25′N 12°42′E / 53.417°N 12.700°E
|
Portal di Ensiklopedia Dunia