Орел-рибар
![]() Орел-рибар (науч. Pandion haliaetus) е птица од редот на соколовидните, сместена во своја семејство орли-рибари (Pandionidae) и свој род орел-рибар (Pandion). Ја има во Македонија. Распостранетост и живеалиштеТие живеат низ целиот свет, а највеќе ги има во Канада и САД. Нивните гнезда најчесто ги поставуваат покрај езерата, мочуриштата и морските брегови. ОписДолги се 60 см, а распонот на крилјата им е 180 см. Главата им е бела, а од очите до страните на вратот имаат црно. Градите и долниот дел им е бел, а крилјата им се кафеави. ИсхранаОрлите-рибари се хранат со риби, со тежина до 2 кг. Кога ќе здогледаат риба, тие се спуштаат блиску до нивото на водата, грабнувајќи ја со своите нозе. Канџите се така обликувани, што не им дозволуваат на рибите да побегнат. РазмножувањеГнездата им се направени од дрвени стапчиња, а најчесто им се наоѓаат на дрвата, карпите, бандери, мостови и слично, блиску до вода. Женките несат 2-4 јајца кои ги квачат 35-40 дена. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia