Мирче Деспотов
Мирче Деспотов Младенов (1802 - 1883) — македонски копаничар, претставник на Дебарската школа. ЖивотописМирчев е роден во 1802 г. во селото Осој, Дебарско. Родот се спомнува на крајот од XVIII век, кога Младен и син му Деспот почнале да се занимаваат со копаничарство и градителство. Од синовете на Деспот само Мирче се занимавал со резба. Предводел тајфа од 70 луѓе и претежно изработувал тавани. Изградил џамија во Дебар и ги изработил сите резбани украси во неа, па затоа таа е наречена Мирче-џамија (Јени џамија).[1] Во Дебар ги изградил и касарните, а заедно со мајстор Алексо Черпеналоски ги изграфил беговите конаци. Во Тетово ги изградил конаците на Хаки-паша и Абдурахман-паша Тетовски на Тетовското кале.[1] Двата тавана на Хакинпашините конаци со големина од 6 × 8 м се чуваат во Музејот на Град Скопје; направени се од бор, а резбите и корнизите се од липа. На двата тавана се употребени растителни елементи и има барокно влијание — линиите се префинети и урамнотежени, а украсите не се претрупани.[1] Во Сер го изработил иконостасот на митрополитската црква „Св. Архангели“.[1] Особено маестрален е иконостасот во едно од серските села.[1] На возраст од 80 години се вратил во родното село, каде умрел. Синовите Коста и Алексо Мирчев работеле со него. Внуците Нестор Алексиев и Лазар Алексиев исто така станале познати копаничари.[2][3] Родословие
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia