Лазар Алексиев Мирчевски
Лазар Алексиев Мирчевски — македонски копаничар, еден од последните претставници на Дебарската школа. ЖивотописЛазар Алексиев е роден во село Осој, Дебарско, околу 1884 г.[1] Правнук е по мајчина линија на Иван Филиповски, брат на Петре Филиповски, од големиот гарски копаничарски род Филиповци, а по таткова е внук на Мирче Деспотов и син на Алексо Мирчев. Татко му се преселил во Софија. Заедно со брат му Нестор Алексиев Мирчевски, работел мебелна резба, тавани, иконостаси и друго. Од 1899 до 1902 г. Нестор Алексиев работел со Лазар во Бер, Егејска Македонија — иконостасите во манастирите „Св. Јован Претеча“ и „Св. Атанасиј“ над Бистрица и резби во „Св. Антониј Нов“.[2] Со брат му по цена од 45 златни наполеони го обновил иконостасот на црквата „Успение на пресв. Богородица“ во Пазарџик кој настрадал во пожар, а бил дело на Макариј Фрчковски.[2] Нивни се и иконостасите во „Успение на пресв. Богородица“ во Новачене[2] и „Вознесение Христово“ во битолското село Брусник (1903), уништен во Првата светска војна.[2] По Илинденското востание во период од три години двајцата браќа работеле на нов иконостас како замена за изгорениот иконосас на храмот „Св. Јован Крстител“ во Крушево.[2] Потоа тие се разделиле, и Лазар останал во Крушево сè до 1908 г.[2] Во 1909 г. пристигнал во Бугарија и ѝ се приклучил на тајфата на соселанецот Петар Јосифов, со која работел на иконостасите на „Св. Јован Претеча“ во Брацигово и „Воскресение Христово“ во софиско Челопечене.[2] Следната 1910 г. со Иван Травницки го работел иконостасот на храмот „Св. Петка“ во Софија, за која ги изработил сите столбови.[2] При избувнувањето на Првата балканска војна во 1912 г. Лазар Алексиев бил доброволец во Македонско-одринскиот полк и служел во чета бр. 39 на војводата Методиј Стојчев од Крушево.[3][4] Во 1914 г. со брат му Нестор го започнале иконостасот на „Св. Никола Софиски“ во Софија по проект на Антон Торњов и Стефан Баџов, каде Нестор бил главен изведувач. Иконостасот е завршен до фронтонот во 1919 г., а фронтонот со распетието е дело на Иван Травницки.[2] На 10 март 1943 г. като жител на Софија поднел молба за бугарска народна пензија, која му е одобрена.[4] Починал во 1963 г. во Софија.[5]
Родословие
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia