Мисајле Николоски

Мисајле Николоски
Роден 1882 година
Карбуница, Битолски Вилает, Османлиско Царство
Починал 1943 година
Кичево
Народност Македонец

Мисајле Николоски ( 1882 во Карбуница1943 во Кичево) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

По занимање бил земјоделец. Во пролетта 1942 година, тој работел за народно ослободителното движење и бил член на Народноослободителниот одбор во селото. По налог на Партиската организација, тој вршел најодговорни партиски задачи. Во 1943 година, вршејќи една поверлива партиска задача за потребите на Одредот, бил осомничен и фатен од балистите и затворен во касарната во Кичево. Умрел по долги малтретирања во затворот не признавајќи ништо.[1]

Поврзано

Наводи

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 96.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya