Митко Јанчев
Митко Јанчев (роден на 1 ноември 1981) — македонски стопанственик и политичар од редовите на ВМРО ДПМНЕ, кој е тековен градоначалник на Општина Кавадарци. На функцијата стапил по локалните избори во 2017 година, кога победил во вториот круг со освоени 52,65% од вкупните гласови. ЖивотописМитко Јанчев е дипломиран инженер-геолог на Универзитетот „Гоце Делчев” во Штип, а магистерските студии на истиот ги завршил во отсекот на техничките науки, петрологија, минералогија и геохемија. Тој е сопственик и управител на ДПТУ Кожувчанка од Кавадарци, првата приватно стопанско друштво за производство на вода во Македонија. Функцијата управител ја презел на 23 годишна возраст, по ненадејната смрт на неговиот татко кој бил основач на стопанското друштво. Јанчев во своето 13 годишно раководење со компанијата вовел нови стандарди во раководењето, а компанијата го привлекла светски познатиот бренд Синалко од Германија.[1] Митко Јанчев е член на управниот одбор на Стопанската комора на Република Македонија и Претседател на Регионалната Стопанска комора во Кавадарци. Митко Јанчев бил претседател на иницијативниот одбор за изградба на соборната црква „Света Петка” во Кавадарци каде бил и дарител. Донирал и во образованието а една од поголемите проекти е донација за реконструкција на ОУ „Димката Ангелов-Габерот“ во Кавадарци и ја основал противпожарната служба во градот.[1]. Сопруг е на Веселка и татко на три деца. Политички позицииПобедил на локалните избори во 2017 година, во вториот круг со освоени 52,65% од вкупните гласови и станал градоначалник на Општина Кавадарци. Бил потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, но бил разрешен од сите партиски функции на 22 октомври 2018.[2] На Локалните избори кои биле одржани на 17 октомври 2021 година, Јанчев како кандидат за градоначалник на Општина Кавадарци од редовите на ВМРО ДПМНЕ победил во првиот круг на гласање со освоени 72,35% од гласовите.[3] ОстанатоВо текот на раководењето на семејната фирма „Кожувчанка“ од страна на неговиот татко, Никола Јанчев, во август 2002 година, во текот на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ (предводена од Љупчо Георгиевски) било утврдено дека при контрола на квалитет на 19 минерални[4] води утврдено е дека минералната вода Кожувчанка содржи арсен.[4][5][6] Во тој период „Утрински весник“ пренесува информација од Никола Јанчев во која се вели „...до сега имало повеќе закани за да го напуши производството на минералната вода или во изворот ќе биде истурена минерална вода.“[7] Подоцна сопствениците тврдат дека во фабриката инсталираат уред за отстранување на арсенот. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia