Митологија (книга)

Митологија: Безвременски приказни за богови и херои
АвторЕдит Хамилтон
ИлустраторСтил Севиџ
Предмет(и)Старогрчка митологија, Римска митологија, и Нордиска митологија
ИздавачЛитл, Браун и Компани
Издадена
1942 г.
Странициxiv, 497 страници

„Митологија: Безвременски приказни за богови и херои“ — книга напишана од Едит Хамилтон, објавена во 1942 година од „Литл, Браун и компанија“.[1] Оттогаш била повторно издадена од неколку издавачи, вклучувајќи го и илустрираното издание по повод 75-годишнината.[2] Прераскажува приказни од старогрчката, римската и нордиската митологија извлечени од различни извори. Воведот вклучува коментар за главните класични поети што се користеле како извори и за тоа како промените во културите довеле и до промена на карактеризацијата на божествата и нивните митови. Често се користи во средните училишта и колеџите како воведен текст во античката митологија и верување.

Содржина

Книгата содржи вовед и седум дела:[3]

  1. Старогрчки богови на Олимп и статогрчки митови за создавањето
  2. Старогрчки и римски митови поврзани со љубовта и авантурата, вклучувајќи ги приказните за Ерос и Психеја и потрагата на Јасон по Златното руно
  3. Херои пред Тројанската војна, како што се Персеј, Тезеј, Херакле и Аталанта
  4. Тројанската војна и нејзините херои, вклучувајќи ги Одисеј, Енеј и Ахил
  5. Значајни семејства во грчката митологија: династијата на Атреј, кралската династија на Теба и кралската династија на Атина
  6. Помалку познати приказни од старогрчката и римската митологија
  7. Приказни од нордиските митови во кои се вклучени божества како Один, Тор и Локи

Повеќето изданија вклучуваат цртежи од американскиот илустратор Стил Севиџ.

Наводи

  1. „Mythology“. www.goodreads.com. Посетено на 3 July 2019.
  2. Noble, Barnes &. „Mythology: Timeless Tales of Gods and Heroes, 75th Anniversary Illustrated Edition|NOOK Book“. Barnes & Noble (англиски). Посетено на 3 July 2019.
  3. Edith Hamilton, Mythology, Little, Brown and Company, 1942.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya