Херакле![]() Херакле, Херкул (старогрчки: Ἡρακλῆς, латински: Hercules) — старобалкански полубог, син на Зевс и на смртната жена Алкамена.[1] Најстарите римски извори укажуваат дека легендата за овој јунак во Стариот Рим била преземена од Грција и таа се надоврзува на митскиот италијански овчар Рекаран или Гаран, познат по својата физичка сила. Покрај наследените митски и иконографски особини, римскиот Херкул се одликувал и со низа особини кои биле типично римски. Така, името Херкулес не е директно позајмено од грчкото име Херакле, туку претставува модификација на етрурското име Херкелер. Инаку, зборот Херакле буквачно значи „во слава на Хера“. ОписХеркул најчесто е прикажан со наметка од лавовска кожа и топуз, а на мозаиците е со темен, исончан тен. Иако бил победник и голем воин, според митовите, Херакле бил способен и за измами и нечесни измами за да постигне победа. Бил познат по тоа што го направил светот побезбеден за човештвото, бидејќи уништил многу опасни чудовишта. Неговото жртвување за луѓето му обезбедило одобрување и заштита од боговите. ЖивотописСпоред шестото пеење на епот „Енеида“, Херкул го ослободил Тезеј кој бил заробен во подземниот свет. Притоа, при влезот во подземниот свет, Херкул го совладал троглавото куче Кербер, врзувајќи го со синџир.[2] Кога Херкул се оженил со Дејанира, кентаурот Несо ѝ се понудил да ја пренесе на својот грб преку една река, но притоа се вљубил во неа и се обидел да избега со неа. Сепак, Херкул го забележал и го ранил со отровна стрела. Тогаш Несо ја излажал Дејанира, убедувајќи ја дека Херкул ќе ѝ остане засекогаш верен ако му ја облече кошулата натопена со неговата крв. Кога Херкул ја облекол кошулата, се отрул затруената крв и умрел.[3] Дванаесетте подвизи на Херакле![]() Дванаесетте подвизи на Херакле се серија епизоди во врска со покајанието извршено од Херакле.[4] Тие биле постигнати во служба на кралот Евристеј.
Херкул во уметноста и популарната култураХеркул како тема во книжевноста
Херкул како тема во филмот
Херкул како тема во музиката
ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia