Мишел Бранч
Мишел Џекет Бранч (англ. Michelle Jacquet Branch; родена на 2 јули 1983 година) ― американска пејачка, текстописец и гитаристка. На почетокот од 2000-тите ги издала нејзините два најпродавани албума: The Spirit Room и Hotel Paper. За нејзиниот сингл од 2002 година „The Game of Love“ во соработка со групата Santana, освоила Греми награда за најдобра поп-соработка. Живот и кариераМишел Бранч била родена на 2 јули 1983 година во Седона, Аризона.[2][3] Почнала да пее на тригодишна возраст,[4][5][6] а кога имала 8 години се запишала на часови по пеење на Универзитетот во Северна Аризона.[4][5][6] Бранч учела во средното училиште Седона Ред Рок,[5] но последните две години од средното образование ги завршила преку домашно школување за да може да се посвети на нејзината музичка кариера.[6] 2000–2005: Почетоци на музичката кариера и први албумиВо јуни 2000 година, Бранч сама ја продуцирала Broken Bracelet,[7] компилација од песни кои ги напишала од 1997 до 2000 година;[8] албумот бил издаден од независната издавачка куќа Twin Dragon Records.[7][8] ![]() Во 2001 година Бранч потпишала договор со издавачката куќа од Мадона, Maverick Records,[6][7][8] и во август истата година го издала албумот The Spirit Room.[8][9] Од албумот произлегол хит-синглот „Everywhere“ за кој Бранч ја освоила наградата по избор на гледачите на MTV Video Music Awards во 2002 година.[10] Од албумот потоа ги издала сингловите: „All You Wanted“ и „Goodby to You“. Албумот The Spirit Room бил сертифициран како двојно платинест од RIAA за продадени над два милиони копии во САД. Во 2002 година, Бранч соработувала со Сантана за песната „The Game of Love“[3][8][11] која потоа освоила Греми награда за најдобра поп-соработка со вокали.[2][10] Таа, исто така, во 2003 година била номинирана за Греми за најдобар нов изведувач,[10] која ја освоила Нора Џонс. Вториот албум на Бранч со голема издавачка куќа, Hotel Paper, бил издаден во 2003 година и дебитирал на 2-ро место на американската топ-листа Billboard 200.[12][13] Албумот добил мешани критики. Водечкиот сингл од албумот, „Are You Happy Now?“, добро котирал на топ-листите, а Бранч за таа песна била номинирана за Греми за најдобра рок вокална изведба од пејачка,[10] но загубила од „Trouble“ од Пинк. Следните синглови: „Breathe“ и „Til I Get Over You“ не го постигнале успехот на првиот сингл. Бранч почнала да глуми во телевизиски серии; се појавила во неколку епизоди во Бафи убиец на вампири, Американски сни и Волшебнички (каде се глумела себе си). Во јуни 2004 година се појавила во Faking the Video на MTV. Исто така се појавила во филмот од Роб Шнајдер од 2002 година „Жешка девојка“ (англ. The Hot Chick) каде глумела клубски диџеј. 2005–2007: Групата The Wreckers![]() Во јули 2005 година, Бранч започнала соработка со нејзината пратечка пејачка и долгогодишна пријателка Џесика Харп[3][14][15][16] и заедно ја основале кантри-групата Wreckers.[14] Првиот сингл од дуото „Leave the Pieces“ бил објавен во февруари 2006 година, а нивниот албум Stand Still, Look Pretty бил објавен во мај истата година.[14] Групата била номинирана за наградата „Дуо на годината“ на наградите од Здружението за кантри-музика во 2006 година и за Греми награда за најдобра кантри-изведба од дуо или група[2][10] за песната „Leave the Pieces“. Wreckers се разделиле во 2007 година.[2] 2008–денес: Подоцнежна кариера и албуми![]() На 16 јули 2010 година, преку нејзината веб-страницата, Бранч го издала мини-албумот Everything Comes and Goes.[17] Во 2010 година, Branch и R&B/hip-hop продуцентот Тимбаленд соработувале на поп/ R&B песна насловена „Getaway“ и објавиле видео.[18] На почетокот од 2011 година, Бранч објавила три претходно необјавени песни од Everything Comes and Goes: „Texas In the Mirror“, „Take a Chance on Me“ и „Long Goodbye“. На 26 август 2011 година го издала и мини-албумот The Loud Music Hits EP. ![]() На 17 јули 2015 година, Бранч објавила дека потпишала со Verve Records.[19] Во декември 2016 година, Entertainment Weekly го најавила новиот албум на Бранч, Hopeless Romantic, кој бил објавен на 7 април 2017 година.[20][21] Бранч во септември 2017 година објавила дека се разделила со Verve Records.[22][23] На 12 јули 2022 година, Бранч на социјалните мрежи објавила дека нејзиниот нов сингл под наслов „I'm a Man“ ќе биде објавен на 15 јули 2022 година.[24] Синглот бил вклучен на нејзиниот четврти студиски албум, The Trouble with Fever, кој бил објавен на 16 септември 2022 година.[25] ДискографијаСтудиски албуми
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia