Младо ѕвездено телоМЅТ во облачниот комплекс Ро Змијоносец V1331 Лебед, МЅТ опкружено од отсјајна маглина Младо ѕвездено тело (МЅТ) — ѕвезда во рана фаза на нејзиниот развој. Оваа класа опфаќа две групи тела: протоѕвезди и ѕвезди пред главната низа. Класификација според спректралната распределба на енергијатаЅвездата се образува со насобирање на материјал кој упаѓа во протоѕвезда од околуѕвезден диск или обвивка. Материјалот во дискот е постуден од површината на протоѕвездата, па затоа зрачи светлина на поголеми бранови должини и со вишок инфрацрвено зрачење. Како што материјалот во дискот се троши, инфрацрвениот вишок се намалува. Затоа, МЅТ обичнјо се класификуваат во развојни фази според наклонот на спектрална распределба на енергијата во средноинфрацрвениот појас, според шемата на Чарлс Џ. Лада (1987). Тој предложил три класи (I, II и III), врз основа на вредностите на интервалите во спектрален показател :[1] . Тука е брановата должина, а е густината на текот. се пресметува во брановодолжинскиот интервал од 2,2 до 20 (близу- и средноинфрацрвен појас). Филип Андре и колегите (1993) ја откриле класата 0: тела со силно подмилиметарско зрачење, но многу слаби .[2] Томас Грин и колегите (1994) додале петта класа на извори со „рамен спектар“.[3]
Оваа класификациска шема приближно ја одразува развојната низа. Се смета дека најдлабоко всадените извори од класата 0 се развиваат кон I фаза, слободувајќи се од нивните околуѕвездени обвивки. Со време тие стануваат оптички видливи на родната линија како ѕвезди пред главната низа. Телата од класата II имаат околуѕвездени дискови и приближно соодветствуваат на ѕвезди од типот на T Бик, додека пак ѕвездите од класата III ги имаат изгубено своите дискови и приближно соодветствуваат слаболиниски ѕвезди од типот на Т Бик. Постои и преодна фаза каде дисковите се откриваат на поголеми бранови должини (на пр. на ). Тие се нарекуваат преоднодискови тела. ОдликиМладите ѕвездени тела се во потесна врска со раните појави на ѕвездениот развој: млазовите и двополовите истеци, мазерите, Хербиг-Ароовите тела и протопланетарните дискови (околуѕвездени дискови или проплиди). Класификација на МЅТ според масаОвие ѕвезди можеме да ги разликуваме и по маса: масивни МЅТ, МЅТ со средна маса и кафеави џуџиња. Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia